Линкови за пристапност

За Оскар Писториус пет години затвор


Олимпиецот голем дел од казната да служи во домашен притвор

Јужноафрикански судија го осуди тркачот Оскар Писториус на пет години затвор за убиството на неговата девојка Рива Стинкамп.

Судијката Токозиле Масипа ја објави пресудата во Преторија, речиси седум месеци по почетокот на судскиот процес кој доби голем публицитет.

Адвокатите на одбраната соопштија дека очекуваат Писториус да отслужи 10 месеци во затвор пред да ја продолжи казната во домашен притвор.

Обвинителството бараше 10-годишна казна затвор, додека одбраната бараше домашен притвор и служба во заедницата затоа што атлетичарот со две ампутирани нозе ќе има проблеми меѓу затворската популација.

Судијката Масипа рече дека е задоволна дека Одделот за отслужување на казната е опремен за лица со спрецијални потреби. Таа ја опиша пресудата како фер, и за општеството и за и обвинетиот.

Писториус минатиот месец беше обвинет за убиство неговата девојка, откако стрелал низ затворена врата во бањата во неговиот дом во февруари 2013-та, наводно мислејќи дека некој упаднал во неговиот дом преку ноќта.

XS
SM
MD
LG