Линкови за пристапност

Анализа за влијанието врз животната средина – пред дозвола за подводно дупчење


Министерството за внатрешни работи најави дека нема да бидат издавани дозволи за подводно дупчење без претходно истражување за влијанието врз животната средина

Во екот на најголемото нафтено излевање во американската историја, владата најави разгледување на зајакнатите мерки за заштита на животна средина за сите нови подводни дупчења.

Министерството за внатрешни работи најави дека нема да бидат издавани дозволи за подводно дупчење без претходно истражување за влијанието врз животната средина.

Во моментов има мораториум за повеќето подворно дупчење, што беше воведено по експлозијата на нафтената платформа на Бритиш петролеум по што се излеаја милиони барели непреработена нафта во Мексиканскиот залив. Кога ќе се укине забраната во ноември, нафтените компании кои ќе поднесат проекти за подводно дупчење, ќе мора да обезбедат и анализа за влијанието врз животната средина.

Во минатото, американската влада обезбедувала, како што се нарекува „катерогичен исклучок“, што овозможувал подводно дупчење без претходно истражување како тоа ќе се одрази врз животната средина.

Новата најава од владата доаѓа во ист ден кога сезоната на ловење морски ракчиња беше отворена во водите на Луизијана, која е најголем производител на морски ракчиња во САД.

XS
SM
MD
LG