Минатата ноќ, според податоците од Индексот на квалитетот на воздухот, нивото на аерозагаденоста било и седум пати повисоко од дозволените граници, а утрово нивото на штетните ПМ10 честички се намалило на „само“ четири пати повисоко од дозволеното.
Така, Скопје, веќе десетина денови се задржува на црната листа на десетте градови со највисока аерозагаденост во светот, од Бангладеш, Индија, Пакистан, Кина..., а според објавените податоци, повремено нивото на ПМ 10 честичките се искачува и до 390 микрограми на метар кубен.
Со проблеми со аерозагадувањето се соочуваат и други градови во државата, како Струмица, Гостивар, Тетово и Битола... Дел од медиумите цитираат препораки од специјализираните сајтови, според кои, во „многу нездравите околности“ да се избегнуваат активности на отворено, како возење велосипед, на пример, потоа, да се ограничи движењето особено на ранливиот дел од популацијата, хроничните болни, трудниците и децата, а граѓаните кои мораат да престојуваат на отворено, да користат маски. На локален план, за активирање на краткорочните мерки за заштита на здравјето на граѓаните од загадувањето, потребно е мерните станици неколку дена по ред да регистрираат последователна висока аерозагаденост, но токму мерењето на загаденоста е посебен проблем, оти во две од скопските општини, на пример, мерните станици веќе подолг период не се во функција.
Властите во Скопје препорачуваа и користење на јавен превоз кој одделен период беше и бесплатен, паралелно со поскапувањето на паркинг услугите, и избегнување или намалување на на користењето на приватните возила, а предупредуваа и да не се користи за затоплување прегорено отпадно масло или лакирани или обоени отпадоци, стиропор, гума... Но, ваквите предупредувања едноставно, не допраат до егистенцијално загрозениот дел од населението, кој во борбата за преживување на ниските температури ги озениоткористи сите достапни можности.
И додека реакциите на граѓаните на социјалните мрежи се редовни и остри, на последниот протест на иницијативата „Канцерогено општество“ во саботата, и покрај претходните обиди за анимирање на јавноста и масовно присуство на скопјани, само стотина граѓани излегоа пред Собранието и пред Владата, да побараат од власта изнаоѓање на долгорочни мерки за сериозниот проблем.
Меѓу другите, демонстрантите носеа и транспарент „Стоп за труењето на децата – нашата иднина!“ и побараа свикување на итна седница на Владата поради алармантната состојба со аерозагадувањето, но и ангажман на експерти, медицински лица и еколози – активисти, кои, секој во својата сфера на делување, би предложиле мерки за изнаоѓање итни решенија.
Facebook Forum