Линкови за пристапност

Можни санкции од ЕУ за Македонија?


Можни санкции од ЕУ за Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Чекорот би бил поттикнат од политичката криза, вели Гарет Мартин, експерт од Европскиот институт во Вашингтон

Трпението на Европската Унија истекува, а можен следен чекор се санкции. Ова го изјави Гарет Мартин, професор на Американскиот унивезрзитет и експерт од Европскиот институт во Вашингтон, кој додаде дека ова ќе бидат очекувани последици од политичката криза.

„Во игра се многу опции, но ако погледнете што било направено во други држави од страна на ЕУ, најпроминентни би биле замрзнување на капитал, забрана за патување, кои пак се особено погодни кога целите кон поединци, а не кон цели држави“, вели Мартин.

Според него, ваквите мерки се во игра, откако средбите на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Скопје поминаа неуспешно.

„Европската Унија може да ја искористи и нејзината финансиска моќ, како што направи и минатата година, кога одлучи да и` скрати на Македонија дел од предвидените средства, поради неспроведување на реформите. Тоа е уште еден начин да се направи притисок врз Иванов“, изјави Мартин.

Тој вели дека за да бидат успешни, санкциите мора да се спроведуваат рака под рака и со други форми на притисок, како посредување.

Овој експерт додава дека договор меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе може да обезбеди мирен трансфер на власта.

„Ако господинот Заев направи некој вид договор за имунитет на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, иако тоа нема да биде популарна мерка на краток рок, може да обезбеди општествен мир“, вели тој.

Мартин предупредува дека подгревањето на меѓуетничките односи од актуелната политичка партија на власт, со цел да се спаси од обвинение, е Пандорина кутија која тешко ќе се контролира доколку се отвори.

И амбасадорот на Велика Британија во Скопје Чарлс Гарет, минатата недела порача дека случувањата во Парламентот се против демократијата во државата.

„Го поткопуваат кредибилитетот на институцијата во Македонија, и надвор“, рече Гарет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG