Пратеничките во Собранието на Република Македонија - Лилјана Затуроска од ВМРО - ДПМНЕ, Соња Мираковска од НСДМ, Лилјана Поповска од ДОМ и Сузана Салиу од ДУИ го посетија Гласот на Америка веднаш по завршувањето на меѓународниот семинар „Учеството на жените - лидери во економскиот развој и борбата со сиромаштијата, што го организираше натпартиското конгресно тело Партнерство за демократија, со кое претседаваат конгресмените Дејвид Прајс од Северна Каролина и Дејвид Драер од Калифорнија.
Разговарале со американски претставници за улогата на жените во политичкиот систем во Вашингтон и какви искуства можат да пренесат во Македонија, но и обратно.
„Македонија е лидер во поглед на учеството на жените во политиката во ЈИЕ и сега е време да се зафатиме со економско јакнење на жената. И второ, македонските граѓани се длабоко разочарани поради тоа што Македонија останува заглавена поради поради блокадите на Грција“, вели претседателската на собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените, Лилјана Поповска од ДОМ.
„Мислам дека независните институции се главен столб на секоја демократија. Можеби и ние како мултиетничко општество треба да се бориме да изградиме независни, самостојни и професионални институции, затоа што можат да бидат гарант за секој граѓанин на Република Македонија“, наведува потпретседателката на Собранието од редовите на ДУИ, Сузана Салиу.
„Во идниот период исклучиво ќе се залагаме за економското јакнење на жената во општеството бидејќи тоа е единствената формула за напредок во сите сфери на живеење“, најавува Лилјана Затуроска од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.
„Во Македонија има клуб на жени - пратенички кој многу солидно функционира. Се разбира, во моментов не е времето кога се постигнаа најголемите успеси. Македонија веќе има квота – 30 % од пратениците во Парламентот да се жени, благодарение на лобирањата во Парламентот во периодот 2005-та - 2006-та“, вели Соња Мираковска, пратеничка од Новата социјалдемократска партија на Македонија.
Потребен е полов баланс за економски напредок на Македонија, порачаа пратеничките, кои оценуваат дека земјата е лидер во регионот по усвоените реформи во однос на правата на жените.

Во идниот период исклучиво ќе се залагаме за економското јакнење на жената во општествотоЛилјана Затуроска, ВМРО – ДПМНЕ