Линкови за пристапност

Не треба да очекуваме силен земјотрес во Македонија во наредните години, вели професорот Милевски


Професорот Ивица Милевски за земјотресите во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:55 0:00

Глас на Америка: Во контекст на последниот земјотрес во Мавровскиот регион, на што се должи силната магнитуда од пет степени според Рихтеровата скала?

Милевски: Територијата на Македонија се наоѓа во јужниот дел на Балканскиот Полуостров, и по својата положба е многу близу до границата, токму на судирот или подвлекувањето, односно собдукцијата, на африканската под европската плоча. Растојанието е само неколку стотина километри. Посебно има еден сегмент од таа африканска плоча, кој се нарекува јадранска плоча, а кој доаѓа на север, кон делот на Јадранското Море. И близината тука на западниот дел на Македонија, кон оваа јадранска плоча е 150 километри. Тоа е причината зошто во јужниот дел на Балканот, генерално, има многу земјотреси. И целата територија на Македонија е испресечена од тие судири на двете плочи на бројни мали плочи или блокови, кои најчесто се во некаков баланс, некаква рамнотежа, сe` до моментот додека не дојде до поместување или до некаков критечен момент, поради притисоците од aфриканската плоча, кое ќе се изрази во земјотрес. Сведоци сме дека во изминатите неколку месеци, па и години, имаше доста силни земјотреси, како на пример во Измир, Турција, jужна Грција, Крит и Албанија. Сите тие се долж судирот на африканската и европската плоча. Една од тие линии или големи пукнатини го сече и северниот дел на Македонија, односно поминува од Ќустендил кон Скопје до Дебар. И токму на тој расед, овојпат се случи тој земјотрес во Маврово, кој е во рамките на средно силни земјотреси. Oвде, со оглед на карактерот на карпестите маси, варовници, карбонати, главен причинител всушност е тектонината и пукнатината внатре во земјината кора, и напрегањето кое доаѓа од околните плочи и земјотресите, кои се случија во подрачјто на Албанија. Таму се ослободи енергија, меѓутоа таа енергија дополнително се предаде на овој расад, што дополнително доведе до ваков земјотрес.

Глас на Америка: Колку нашата земја е изложена на вакви земјотреси, и колку може да биде најголемата магнитуда, која би ја очекувале во некој следен период?

Милевски: Во овој случај во Маврово, благодарение на тоа што на самиот тој простор нема некоја поголема градска населба, штетите не се од толкав домен. Досега е забележано дека најсилен земјотрес откако се мерат земјотресите на овие простори, е земјотресот од 1904 година кај Пехчево, чија магнитуда се проценува помеѓу 7,3 до 7,5 степени. Толку би бил и најсилниот очекуван земјотрес со таа магнитуда, што може да одговара до 9 или максимум 10 степени според Европската макросеизмичка скала, што значи релативно големи оштетувања. Но, сепак треба да имаме предвид, дека помеѓу градбите што биле пред 50, 60 или 70 години, и оние кои се денеска, постои значителна разлика во квалитетот и цврстината. Или ако земјотресот од 6,1 степен во 1963 година бил разорен за Скопје, денеска ист таков земјотрес би бил со многу помали штети, поради подобрениот начин на градба, или т.н. асеизмичка градба, која главно се практикува во последните децении. Реално на подрачјето на Македонија, не треба да очекуваме некој силен или разорен земјотрес во наредните дваесет, триесет или четириесет години, имајќи предвид дека веќе се случија во последните дваесет, триесет, педесет или сто години, силни земјотреси во Скопје, Пехчево, валандовското и гевгелиското подрачје. Повратен период на така силни земјотреси, најчесто е помеѓу 300- 400- 500- 600 години. Така да навистина нема потреба од страв и паника.

Глас на Америка: Пред три години беше земјотресот во Охрид, кој предизвика одредени оштетувања. Вие направивте истражувања, кои покажуваат дека поради тој земјотрес дошло до одредени поместувања на планината Галичица?

Милевски: Една од работите која се случува, а која ние не ја забележуваме за време на земјотрес, е одредено поместување, хоризонтално и вертикално, на оние што велиме блокови што се околу подрачјето на земјотресот. Најчесто станува збор за издигнување на територијата на нашата држава. Меревме, со одредени посебни методи, дека на планината Галичица, за време на земјотресот во Охрид, имаше вертикални поместувања и до неколку сантиметри. Истото тоа се случува и овде, бидејќи подрачјето на земјотресот е фактички помеѓу Шар Планина, Бистра и Корабскиот масив. И тоа издигање не е секоја година по 3 до 4 милиметри, туку кога ќе има земјотрес. Тогаш се јавува некое издигање, па може да има некоја стагнација или минимална промена од 10-15 години, до некој следен земјотрес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG