Линкови за пристапност

Одлуката на Апелациониот суд за Мијалков ќе биде тест за реформите во судството, велат експерти


Оние што биле нелегално прислушувани треба да побараат надомест на штета., велат експерти
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:16 0:00

Случајот со поранешниот директор УБК Сашо Мијалков, неговото бегство и повторното појавување во јавноста, уште еднаш ги извади на површина болните рани околу македонскиот правосуден систем, велат експерти за Гласот на Америка.

Професерот Јове Кекеноски, вели дека овој и многу претходни случаи, ја покажуваат неподготвеноста на нашето судство. Според него, наместо да си игра со системот, Мијалков досега требал да одлежи половина од оваа казна.

„Односно некоординираноста помеѓу институциите на системот, пред се` помеѓу судството, Обвинителството и МВР. И затоа нас ни се случуваат такви работи и ни се случи една ваква трагикомедија. Ова од една страна ја покажува жпорозноста и гнилоста на системот. Од друга страна, укажува на пипците на луѓето кои долго време биле во власта, дека се пуштени длабоко во судството, Обвинителството па и во полицијата“, вели Кекеноски.

Адвокатот Звонко Давидовиќ, вели дека со ова се докажува колку системот на делување и работење на институциите е порозен и неадекватен. Според него, причините за тоа се длабоки.

„Имаме еден правосуден систем кој не може да одговори на денешните потреби и кој длабоко во себе е исполитизиран, но, и селективен и нееднаков во пристапот на правдата на луѓето во Македонија. Зошто го велам тоа. Ако во определени случаи, каде што не е политичка фигура или јавен функионер од висок ранг во прашање, Обвинителството задолжително оди со притвор и го добива, додека во ваквите високо профолни предмети, кокетира со обвинтетите“, вели Давидовиќ.

Но, што по пресудата од 12 години затвор, која Мијалков ја доби за случајот, Таргет-Тврдина. И Кекеноски и Давидовиќ велат дека ништо не треба да изненади.

„Би бил уште поразочаран, доколку по 60 дена не му биде продолжен притворот, а второ доколку во меѓувреме, Апелација се обиде, односно изнајде т.н олеснителни околности, па евентуално ја намали казната или пак го врати предметот на повторно судење. Тоа би било уште една поголема трагедија, и тогаш за мене под итно треба да одговараат тие кои што ќе направат вакво нешто“, рече Кекеноски.

Давидовиќ, пак, вели дека Апелациониот суд има законска можност да ја намали казната и да ја преиначи пресудата, да ја укине и да ја врати на повторно решавање.

И не е тоа нешто проблематично, кога би имале доверба во судството. Но ниту една реформа која беше најавена на судството не се спроведе, за да ни даде можност да имаме доверба во истото, и начинот на кој работи. Досега покажа праксата дека за многу предмети, Апелациониот суд многу долго решаваше“, смета тој.

Професорот Кекеноски верува дека сите оние кои биле нелегално прислушувани треба да побараат надомест на штета.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG