Во извештајот се наведува дека партијата била во конфликт со критичките медиуми од времето кога дошла на власт во 2006-та година, но тензиите достигнале врв изминативе недели, откако Груевски во интервју за локалниот весник Република, ги обвинил овие медиуми дека се странски слуги, кои работат за интересите на финасисерот Џорџ Сорос.
Некои независни новинари велат дека по објавувањето на овие коментари на поранешниот премиер, тие добиле закани и биле вербално напаѓани.
Новинарска екипа од критички медиум, исто така била претепана додека известувала од собир, се наведува меѓу другото во извештајот.
Доколку непријателската реторика против новинарите продолжи и политичкото лимбо биде пролонгирано, Македонија би била политички нестабила, со мала веројатност дека Груевски и неговиот тесен круг ќе заминат од власта, а опозицијата охрабрена со повеќемесечни протести најверојатно нема да попушта.
Facebook Forum