Линкови за пристапност

Македонија подготвува стратегија за борба против болестите на црн дроб


Македонија подготвува стратегија за борба против болестите на црн дроб
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Два милиони луѓе годишно во светот умираат од болести на црн дроб. Македонија, како држава која претендира за членство во ЕУ, треба да изработи национална стратегија за борба против овие заболувања

Милиони луѓе во светот се погодени од болестите на црниот дроб, кои веќе добиваат епидемиски размери. Бројот на заболени расте во САД, Европа и глобално, велат од Европската асоцијација на пациенти со болести на црниот дроб - ЕЛПА. Асоцијацијата во Европскиот парламент во Брисел ја презентираше состојбата со овие болести на глобално ниво.

Претседателот на асоцијацијата, Марко Коренјак, во изјава за Гласот на Америка на македонски, укажува дека информираноста и превенцијата се неопходни чекори за борба против болеста.

„Болестите на црниот дроб се многу раширени во Европа, Америка и воопшто глобално. Но, дури 60% од заболените не знаат дека се болни. Тестирањата се прават во доцна фаза. Најзагрижувачка е состојбата со хепатитисот Б и Ц. Се собравме во Европската комисија за да преземеме заедничка акција за подигнување на свеста за ракот на црниот дроб, кој е многу сериозна болест, а за кој пацентите немаат соодветни информации“, вели Коренјак.

Факт е дека дури и меѓу докторите, како и во јавноста, не се знае доволно за црниот дроб. Многу средства се трошат на медицински третмат, а тоа може да се спречи со подигање на свеста, рано дијаностицирање и достапност на современите терапии.
Татјана Реиќ, член на УО на ЕЛПА

Болестите на црниот дроб се причина за два милиони смртни случаи годишно во светот. Според податоците на Американската асоцијација за болести на црниот дроб секоја година во САД околу 21.000 мажи и 8.000 жени добиваат рак на црниот дроб, а околу 16.000 мажи и 8.000 жени умираат од оваа болест.

https://liverfoundation.org/liver-disease-statistics/#liver-cancer

Причините за болеста главно лежат во лошиот начин на живот односно конзумирање на мрсна храна и недоволно движење.

„Во Европскиот парламент нам како Aсоцијација на пациенти ни беше поставено директно прашање - што можеме да сториме за подигање на свеста за болеста. Факт е дека дури и меѓу докторите, како и во јавноста, не се знае доволно за црниот дроб. Многу средства се трошат на медицински третмат, а тоа може да се спречи со подигање на свеста, рано дијаностицирање и достапност на современите терапии. Лани на тоа укажавме и на средба во Сан Франциско“, вели Татјана Реиќ, член на УО на Европската асоцијација на пациенти со болести на црниот дроб.

Овие болести се подмолни и најчесто доцна се откриваат, така што подигањето на свеста е клучно за превенција. Светската здравствена организација и Обединетите нации си поставија цел до 2030 години да се елиминира вирусниот хепатитис. Од ЕЛПА велат дека и Европа мора да има обединет пристап.

„Европската Унија има заедничка политика за многу области, како дипломатијата или други прашања, но нема за здравството. Здравствените прашања секоја држава ги решава сама за себе. Сега една од препораките е да се донесе заеднички здравствен акт за цела Европа и за земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ, што значи дека и Македонија е опфатена“, вели Коренјак.

Македонија засега добива донации на лекови, но од Хепар центарот кои состојбите во Македонија ги презентираа во Европскиот парламент, велат дека тоа не е долгорочно решение. Европска препорака е земјата да изработи национална стратегија за борба против овие заболувања со што се отвора вратата за спасување на човечки животи.

„Моментално во Македонија преваленцата на инциденцата се движи околу еден процент. Проблемот е што бројот на пациенти се зголемува секој ден и секоја година се повеќе во однос за трансплантација“, вели Милан Мишковиќ, претседател на Хепар центар Македонија.

Само во последната година повеќе од 15 пациенти во Македонија имале потреба од трансплантација. 80 отсто од пациентите биле заболени од хепатит Б и Ц.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG