СКОПЈЕ —
„За нас ова постапка на пребројување на новинарите е бесмислена и многу нејасна. Бесмислено е затоа што не е работа на државата да брои новинари. Ако сакаа да го знаат бројот на членови на ЗНМ, тој податок ќе го добиеја во секое време. Нејасна е затоа што ние не знаеме дали Министерството брои членови на новинарските здруженија кои се само новинари, или ги бројат сите вработени во медиумите, што е различно затоа што ние зачленуваме само новинари, а некој друг може да ги зачленува и вработените во медиумите, од портир до директор. Така што, на крај ќе испадне дека мешаме баби и жаби“, изјави водачот на најстарата асоцијација на македонските новинари – ЗНМ, Насер Селмани.
Тој реагираше откако Министерството за информатичко општество и администрација испрати повик „до новинарските здруженија“ за утврдување на бројот на нивните членови, што предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Сепак, раководството на ЗНМ реши да ги преброи членовите и да му ја испрати на ресорното Министерство состојбата со сопственото членство.
„Заклучно со десетти февруари, Здружението на новинарите на Македонија има 512 члена. Потенцираме дека во ЗНМ членуваат само новинари, кои по сопствена волја пристапуваат во членство и сами ја плаќаат годишната членарина. За пристапување во членство на ЗНМ одлучува Комисијата за членство и секој член, кога пристапува на Здружението, потпишува изјава со која се обврзува дека ќе го почитува Етичкиот кодекс на новинарите... Во Министерството за информатичко општество и администрација го доставивме бројот на членовите и регистарот со бројот на членските книшки на членовите без лични податоци“, обелодени Селмани, додавајќи дека „на ваков потег се решивме затоа што дел од нашите членови не сакаат да откријат пред државни органи дека членуваат во ЗНМ, затоа што стравуваат од евентуални последици. Ние, како Здружение, мораме да ја почитуваме нивната волја, затоа што не сакаме тие да имаат последици поради членството во ЗНМ“.
Селмани го повика министерот Иво Ивановски да дојде во просториите на ЗНМ и да направи увид во регистарот, ако сака уште еднаш да ги провери податоците.
„Ние сме уверени дека овој дел од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е противуставен затоа што го прекршува правото на слободно здружување. За ова, предупредивме и кога се донесуваше законот, меѓутоа нашите предлози не беа прифатени. Во случај на двојно членство, ние сметаме дека не смее Министерството да арбитрира во името на новинарите во кое здружение ќе ги смести. За тоа одлучува само новинарот како поединец. Ова одредба може да се злоупотреби да се фаворизира одредено здружение. Затоа го повикуваме МИОА во најбрзо време да поднесе измени на законот, во спротивно, овие одредби ќе ги оспориме пред Уставниот суд“, рече Селмани.
Министерството за информатичко општество и администрација побара да се пребројат новинарските здруженија „најдоцна до понеделник 10 февруари“, а здруженијата да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година, наводно за да се утврдело кои две здруженија на новинари во Македонија се со најголем број членови, а за потребите на спроведување на постапката за именување членови на Советот на новата Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Програмскиот совет на јавниот сервис - МРТВ. По ова, дел од новинарите јавно изразија стравување дека евентуалните списоци со имиња и презимиња на новинарите, ќе им озвозможат на властите низ директен контакт со поединци (застрашување, „купување“ на новинари, или, како најголем закупувач на рекламниот простор - со притисоци преку сопствениците на медиумите) да ја дисциплинираат целата медиумска сфера.
ЗНМ веднаш излезе со став дека Министерството нема право да кажува кој е, а кој не е новинар. Еден од најистакнатите македонски новинари, Ерол Ризаов, коментатор во провладиниот „Утрински весник“, во колумна потенцираше дека е „далеку од здравиот разум, зошто Министерството би барало од здруженијата потврда за платена членарина на нивните членови?“ и дека „Владата може онака топтан да им ја плати членарината на своите членови и симпатизери, удобно стационирани во Македонска асоцијација на новинари - МАН, бидејќи оттаму е дојден и основачкиот акт“.
Македонската асоцијација на новинари, пак, излезе со соопштение дека ЗНМ не работи согласно законот и дека заклучно со први февруари, имаат 440 членови. Притоа МАН изрази и разочарување „што колегите од ЗНМ не го испочитувале законот!“.
„Ние постапивме согласно законот и истото го очекувавме од ЗНМ. Жално е што новинарите кои треба да бидат пример, не го почитуваат правото“, изјави водачката на МАН, Слаѓана Димишкова, новинар во „Нова Македонија“
Додека здруженијата се вклучени во престрелка со соопштенија, во Македонија престојува специјалниот претставник на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ, која се сретна и со министерот за информатичко општество Ивановски, и со премиерот Никола Груевски. Ова е прва директна средба Мијатовиќ – Груевски по полемиката што ја водеа за „Случајот Кежаровски“ во август минатата година.
Истовремено, излегоа и резултатите на анкетата на Младинскиот образовен форум и фондацијата Метаморфозис, спроведена меѓу 1.734 млади лица, 65 медиуми и 37 младински организации, медиумски организации и институции, преку квантитативна и квалитативна методологија и преку онлајн прашалници, интервјуа и анализа на документи, според која 34% од младите во Македонија никогаш не биле во кино, а 14% никогаш не прочитале печатен медиум. Згора на тоа, 47% проценти од младите во Македонија секогаш или често се чувствуваат неудобно и несигурно да објавуваат политички ставови преку медиумите.