Линкови за пристапност

Спротивставени мислења за претстојниот референдум


Спротивставени мислења за претстојниот референдум
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

За некои стручњаци неизлегувањето на гласање не значи ништо друго освен дека гласачите не се сигурни како да се изјаснат

И, покрај одлуката септемврискиот референдум за името да биде консултативен, а не обврзувачки акт, власта е морално обврзана да ги почитува резултатите од истиот, вели поранешниот дипломат Ѓорѓи Филипов. Имено, самиот македонско-грчки договор, вели Филипов, во еден од членовите диктира дека референдумот треба да биде консултативен, а не обврзувачки, бидејќи станува збор за внатрешно политичко прашање.

„Доколку поголемиот број на гласачи се изјаснат против, од тие 900.000 колку што треба да излезат, обврзувачко е законодавната и извршната власт да ги прифатат тие резултати и, тогаш можно е да се реши, да не се ратификува договорот. Затоа референдумот е направен пред можноста за ратификација“, додава Филипов.

Во ситуација, пак, во која повеќето граѓани би се изјасниле „за“, тоа за Филипов значи повеќе отколку обврска за властите.

Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека референдум е историска шанса за Македонија и отварање на земјата кон цивилизарниот свет.

„Референдумот го оценувам како можност дефиниитвно Македонците да го искористат моментот во кој, за прв пат во историјата на меѓународната заедница, го третира на целото ниво на меѓунродната заедница, македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот индентитет како дадена реалност. Пропуштањето на ваква шанса може да биде многу трагично и драматично“, изјави Тоновски.

И, Филипов и Тоновски сметаат дека бојкотот на рефернедумот нема да значи ништо друго, туку само дека извесен број на граѓани не се сигурни како да гласаат. Инаку, наспроти власта која најавува интензивна информативна кампања за референдумот, 30 граѓански организации пред неколу дена формираа кризен штаб кој ќе ја води кампањата „Македонија бојкотира“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG