Линкови за пристапност

Реакции за законот за јазици


Реакции за законот за јазици
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Премиерот уверува дека законот е европски и во согласност со Уставот, додека ВМРО-ДПМНЕ вели дека е закон за двојазична Македонија

Лавина реакции предизвика новиот закон за јазици, кој го усвои Владата минатата недела, а премиерот Зоран Заев, по средбата со коалиционите партнери, го презентираше во јавноста викендов во Охрид.

Заев уверува дека законот е европски и е во согласност со Уставот, додека ВМРО-ДПМНЕ вели дека е закон за двојазична Македонија.

Законот предвидува да се прошири употребата на службениот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, кои сега ќе може да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик

Поранешниот пратеник и правник Мерсим Положани вели дека законот нема да се одрази врз унитарниот карактер на државата.

„Ова се тешки работи. Еден вид хируршки зафат во системот, кој не задира во формата и унитарноста на државата. Не сметам дека со ова ќе се решат сите проблеми околу јазикот, бидејќи се работи за комплицирана форма, имајќи ги предвид околностите во нашата држава во последните десет години“, вели Положани.

Поранешниот амбасадор во НАТО Нано Ружин смета дека се` она што е содржано во законот, произлегува од рамките на Охридскиот рамковен договор.

„Мислам дека непотребно се возбудуваат духовите дека наводно се продава идентитетот и дека се албанизираме. Мислам дека тоа е проширување на демократијата во делот на признавање на идентитетите, и тука не би требало да има никакви проблеми“, изјави Ружин.

Согласно законот, униформите на полицијата, пожарникарите и на здравствените работници ќе бидат двојазични, но, само во општините каде најмалку 20 проценти од населението зборуваат друг јазик, различен од македонскиот

Откако ќе биде изгласан од Парламентот, истиот ќе биде испратен на толкување во Венецијанската комисија, во делот на употребата на албанскиот јазик на парите и на униформите на армијата.

„Ако Венецијанската комисија потврди дека тоа е согласно Уставот, ние немаме предрасуди. Законот за јазиците ќе овозможи употреба на јазиците, што е кончената функција, а тоа е да се разбереме. Никој не мора да учи друг јазик ако тоа не го сака. И казните во законот кои се предвидени се предвидени за институциите“, рече Заев.

Македонскиот јазик останува прв службен јазик и единствен за меѓународна употреба.

Од ДУИ велат дека законот е чекор напред кон остварувањето на главната цел - интеграција во Европската унија.

Од БЕСА и од ДПА велат дека на овој начин албанскиот јазик нема да се официјализира во целост, и оти нема да го направи рамноправен со македонскиот јазик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG