Линкови за пристапност

Могерини: Македонија се врати на европскиот пат, а позитивната препорака е награда за сработеното


Могерини се обрати пред македонските пратеници
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Високата претставничка на ЕУ за проширување денеска се обрати пред македонските законодавци

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, пред пратениците во Парламентот ја објасни одлуката на Европската комисија земјата да напредува во процесот на евроинтеграции, нотирајќи дека е големо достигнување за сите надминувањето на политичко-институционаланта криза. Могерини порача дека создадениот момент не треба да се испушти, како и да не се заборави потребата од единство за стратешката цел – членство во Унијата.

„Мојата главна порака е да го имате јасно пред себе патот што ве доведе овде, бидете горди на позитивната препорака и што се вративте на патот. Не заборавајте како се гради и одржува единство по една длабока политичка криза. Гледам мултиетничко општество обеденето во една цел – членство во нашата Европска Унија. Уверена сум дека разговорите со Грција ќе доведат до решение кое ќе ги опфати грижите на двете страни“.

Договорот со Бугарија го нарече истрориски. Повика на политичка мобилизација - власта да го отвори просторот за целосно учество на опозицијата, а опозицијата конструктивно да партиципира, зашто како што рече, допрва следува работа.

„Ќе има многу работа што ќе треба да се заврши во иднина, невообичаено, ќе искористам метафори, кои по вчерашната средба со вашиот претседател, гледам дека широко се употребуваат во земјава. Заедничката работа во евроинтеграциите ја споредувам со видео игра – како ќе остварите повеќе во едно ниво, одите на друго ниво со нови задачи. Целта не е да се дојде до крајот на играта, туку да се дојде до највисокото ниво. А нагрaдата во оваа игра, која и не игра, е подобрување на животот на граѓаните“.

Могерини, чие обраќање помина без присуство на шефот на државата, слично како и Јоханес Хан, побара суштинско фокусирање на приритетите и не само усвојување, туку и имплементирање на реформите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG