Линкови за пристапност

Вокер: Изборите да бидат што е можно послободни и пофер


Вокер: Изборите да бидат што е можно послободни и пофер
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:41 0:00

Поранешниот амбасадор на САД во НАТО вели дека ова е од исклучителна важност, бидејќи јавноста треба да има доверба дека процесот бил легитимен

Ова се клучни избори за Македонија, за државата да може да се врати на патот каде владее правото и легитимитетот, вели амбасадорот Курт Вокер, кој сега е извршен директор во Институтот Мекејн, во Вашингтон.

Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, тој кажа дека без оглед на резултатите, јавноста треба да има доверба дека изборите биле легитимни, исто како и владата што потоа ќе се состави.

„Секој знае дека тоа е тешко да се постигне, и сигурно дека ќе има сили коишто ќе се обидат да манипулираат и да влијаат на изборите. Никој не очекува перфекција, но се надеваме дека надлежните органи ќе можат да одржат ниво на што е можно послободна и пофер средина“.

Амбасадорот подвлече дека политичката криза во која Македонија се наоѓа последниве две години ја уназадува државата и го парализира нејзиниот напредок.

„Ако размислите каде земјата можеше и треба да биде – како членка на ЕУ, НАТО, со економија која ќе се развива со побрзо темпо, со еден збор - успешна приказна на Балканот. Искрено, далеку е од тоа“.

Вокер додаде дека постои, како што кажа, очајна потреба, владата, којашто ќе биде легитимно избрана, повеќе да се фокусира на развојот, отколку на прашањата за идентитет и да се инволвира во политички препирки или критикување на опозицијата. Тој верува дека по изборите, Македонија повторно ќе има можност да се придвижи нанапред.

Дополнителен предизвик, според него е што со оглед на смената на администрацијата во САД, се` уште не е јасно каква ќе биде политиката на земјата спрема регионот и спрема Русија. За него најдоброто сценарио за земјите-аспиранти за влез во ЕУ и НАТО би било да се остане на „политиката на отворени врати“, но тоа во моментов никој не може да го гарантира.

XS
SM
MD
LG