Линкови за пристапност

Кои се опциите за составување нова влада?


Опции за составување на новата влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Реакции на политички аналитичари за Гласот на Америка по прегласувањето во Теарце

Конечниот исход 51:49 пратенички мандати во корист за ВМРО-ДПМНЕ, по прегласувањето во Теарце, во никој случај не е ситуација што на владејачката партија и дава некаква предност во преговорите за влада, велат политички аналитичари за Гласот на Америка.

Ударот што ДУИ го претрпе и што се должи поради долгогодишното коалицирање со партијата на Груевски, според Алберт Муслиу, е преголем ризик за Али Ахмети стратешки да размислува за продолжување на соработката.

„Не ја исклучувам можноста да продолжи соработката, но, ако таа соработка продолжи со истиот модел тоа многу негативно ќе се одрази врз ДУИ. Стратешки, според мене, би било многу погрешно ако ДУИ влезе со ДПМНЕ во ваква констелација, па и ако тоа се случи, тогаш фактурата што ДУИ ќе ја испорача ќе биде многу тешка за ДПМНЕ да ја проголта“, вели Муслиу.

Јасно е дека ДУИ ќе има клучна улога за изгледот на идната влада, вели Андреја Стојковски од МЦЕО.

Според него, пред и постизборната реторика на ВМРО-ДПМНЕ само ја оддалчеува ДУИ од Груевски.Тој гледа поинаква игра на политичката маса.

„Најверојатно е опцијата за составување на малцинска влада помеѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците. БЕСА нема да биде дел од оваа нова влада, ама сигурно би ја поддржале“, изјави Стојковски.

Македонската академија на науките и уметностите пред неколку дена предупреди дека место пресметки со пратеничките мандати, треба да се внимава на определбата на идната влада.

„Моето мислење е дека составувањето на новата законодавна и извршна власт не е прашање на математички операции, туку на еден рационален избор што ги има општеството“, вели Владо Камбовски, академик на МАНУ.

Меѓународната заедница постојано повикува на формирање стабилна и реформски ориентирана влада, која ќе се посвети на приоритетите на Прибе.

Гласот на Америка побара став од амбасадата на САД за целиот процес по завршувањето на изборите.

„Очекуваме да и честитаме на новата влада и со неа да соработуваме откако таа ќе се формира. Процесот тече во согласност со Уставот на Македонија и законите“, изјавија од амбасадата.

XS
SM
MD
LG