Јоханес Хајндл, специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Македонија и амбасадор на Сојузна Република Германија во Виена утре доаѓа во Скопје. Ова денес го потврди германската амбсада во Македонија, откако изминативе денови се појавија информации за можни датуми за неговото пристигнување, велејќи дека тој ќе остане во земјата еден ден.
„Амбасадорот Хајндл ќе води разговори со четирите партии, потписнички на договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и другите амбасадори на земјите на Европската унија“, стои во кусото соопштение на германската амбасада.
Според информациите кои деновиве се појавија во медиумите, Хајдл ќе се консултира за решавање на политичката криза со претставници од повеќе земји, за што планирани се посети и во Атина, Хаг и во Вашингтон.
Покрај Хајндал, посредници меѓу четирите политички партии се и амбасадорот на САД во Скопје Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав.