Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон, и комесарот Штефан Филе, од Скопје и од Стразбург, испратија јасни пораки за тоа дека сакаат почеток на преговори за членство со Македонија, но под услов да се реши проблемот со името и да ги надминат проблемите на домашната политичка сцена создадени по инцидетот во Собранието од 24 декември.
„Потребно е дискусиите за името да бидат доведени до дефинитивен заклучок без никакво одложување. Ги охрабрувам политичарите од двете земји да го искористат големиот напор на медијаторот на спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, за конечно решение за спорот. Знам дека тоа е тешко сега, но нема друг начин за побрзо решение. Подобро е сега отколку подоцна“, рече Ештон по средбите во Скопје со Иванов, Груевски, Црвенковски и Ахмети.
Презентирајќи го пролетниот извештај за Македонија Филе исто така побара решение за името и напомена дека не помалку важен е политичкиот дијалог.
„Има напредок во однос на реформите. Но, изразувам загриженост дека договорот од 1 март кој помогна да се надмине кризата е далеку од имплементиран и ги повикувам политичарите уште од мојата последна посета да направат екстра напори за да ја покажат нивната заложба за спроведување на договореното, формирање на анкетна комисија, меморандум за разбирање и продолжување на дијалогот со новинарите“, истакна Филе.
За овие отворени пораки упатени од високи инстанци на ЕУ побаравме мислење од познавачите на актуелните полтички констелации.
„Овие пораки само не навраќаат на прашањето дали во Македонија постои политичка волја да се решат крупните прашања“, ни рече аналитичарот Арсим Зеколи.
За професорот Јове Кекеновски пораките се конкрети и јасни:
„Јасно се стави до знаење дека треба да се изнајде решение за политичката криза и за името. Мислам дека по овие пораки се наметува како нужност до крајот на годината да се надминат овие проблеми кои ја кочат интеграцијата. Мислам дека меѓународната заедница го губи трпението со ова прашање“, вели професорот Јове Кекеновски.
Инаку во меѓувреме се разви полемика меѓу коалиционите партери во бласта, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ. По објавувањето на колумната во Дневик во која тој го повика својот партнер во власта да се реши проблемот со името, по средба со амбасадорт на САД, Али Ахмети појасни дека не врши притисок врз Груевски.
„Постои голем интерес кај нашите пријатели од меѓународната заедница да се реши спорот за името. Многу е важно да се релаксираат односите со соседите и со земјите од Балканот. Интеграцијата во НАТО ги отвора и вратите на ЕУ“, изјави Ахмети по средба со амбасадорт Волерс.
На ова одговрија од ВМРО ДПМНЕ.
„Би сакале да му обрнеме внимание на г-дин Али Ахмети дека, иако се согласуваме за важноста од побрзото зачленување на Република Македонија во НАТО, сепак треба да потсетиме дека за македонскиот народ подеднакво е важно задржување на идентитетот, изразен или поврзан со јазикот, националноста и името на земјата“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
„Ова е обид на Ахмети да ги потврди пред меѓународите фактори и домашната јавност своите заложби за евроатлантска интеграција“, вели Кекеновски. Од друга страна Зеколи се прашува зошто за ова двајцата партнери не разговараат во рамки на нивната коалција туку дијалогот го водат преку јавноста.
„Опасно е тема каква што е името да се измести од дијалог меѓу политички субјекти во дијалог меѓу два етиникума“, вели Арсим Зеколи.