„Убеден сум дека сме кадарни да ги достигнеме новите хоризонти, сите да се вложиме во изградбата на Македонија. Нудам концепт на политичко и национално обединување. Доста е од влечење надоле. Денес нудам сите граѓани, поглавари и политичари, сите да го одобрат правото на име и идентитет. Нема промена на Уставот и нема промена на уставното име. Судбината на сите зависи од постапката на секој. Тоа е цитат од Александар Македонски. Тоа мора секој да го запамети! Многу, многу работа, можеби трудот нема да се вреднува веднаш, но ќе дојде ред кога ќе биде вреден. Промените се природна работа. Тоа е за оние што работат и оние што веруваат. Секоја идеја или мерка не треба да добива критики, само за добивање на политички поени, било да се работи за стимулирање на некои мерки. Да се обединиме за повисоки плати и пензии, за подобар живот и подобар стандард, за подобра економија, поголеми странски инвестиции. Преку глава ми е од делби и од кавги. Меѓу нас треба да има разлики во стратегијата, политиката, но не смее да има поделба околу најбитните прашања. Доста ни се поделби, доста ни е од интриги. Денес нудам и очекувам сите граќани, сите лидери на политички партии да прифатат национално обединување околу концептот на името. Среќен роденден Македонијо!, рече меѓу другото, во својот едночасовен говор на свеченото одбележување на Денот на независноста, 8 Септември, македонскиот премиер Никола Груевски.
Тој во говорот истакна дека не направил „ништо повеќе од совесно исполнување на должноста кон Македонија.“: „Јас го нудам концептот за обединување на сите, за нешто што сигурно ќе не однесе напред, да се обединиме за развој, за прогрес, да се обединиме околу идејата дека нашата држава може да напредува само ако имаме повисоко образование и најголемата шанса и оружје да излезе од сиромаштијата. На секој граѓанин треба да му се даде можност да учи. Оваа и секоја наредна власт која ќе грижи за поевтино, поквалитетно и подостапно образование за секој човек ќе добие подршка од сите. Секој треба да почне да верува дека може да успее ако има добра идеја, упорност и решителност и со доза на ризик„ ,рече вчера премиерот во своето обраќање пред илјадниците граѓани на главниот скопски плоштад..
Иако дефилето на децата како симбол на иднината на Македонија и парадата на над 800 војници на АРМ беа на ниво на спектакл, сепак, главни точки на чествувањето кое директно го пренесуваше Македонската телевизија, беа положувањето на Декларацијата на независноста од 1991 година во Музејот на македонската борба и на жртвите на комунизмот, чин што го изведе претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, и отворањето на големиот споменик на Александар Македонски кој поради реакциите од официјалана Атина беше прекрстен во „Воин на коњ“. Прославата продолжи до доцна во ноќта, откако на 40-метарска сцена на плоштадот „Македонја“ настапија над 300 уметници од Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и „Танец“, како и бројни естрадни ѕвезди..
Иако и претседателот и премиерот повикуваа на единство и на запирање на делбите, бојкотот и на макеоднската и на албанската опозиција, кои тврдеа дека одбележувањето било партизирано и искористено од ВМРО-ДПМНЕ за промоција на контроверзниот проект „Скопје 2014“, и покрај еуфоријата со која актуелната власт ги одбележа двете децении од прогласувањето на самостојнстана Македонија, и прославата на 8 Септември ја ислустрираше длабоката поделеност на макеоднското општество. Исто така, забележително беше и остуството на странски официјални лица, но затоа на македонските челници им стигнаа десетици телеграми и честитки од светски државници, како од САД, Велика Британија, Јапонија, Автралија, Шведска, Унгарија, Романија... Медиумите во Скопје ја одбележаа честитката на солунскиот префект Панајотис Псомијадис му напиша писмо на премиерот Груевски, во кое му ја честита 20 годишнината од независноста на Македонија. „Би сакал да ви честитам за навршувањето 20 години од прогласувањето независност на вашата земја и ви посакувам брз развој на земјата и благосостојба на граѓаните во рамки на добрососедство, заемно почитување и соработка на нашите два народа“, пишува Псомијадис. Според него, „голем број од странските инвеститори во Македонија се грчки компании, факт што докажува дека Грција не е непријател, а грчките црвени линии се доказ дека Атина има волја за решение“.