Линкови за пристапност

Мајк Пенс влезе во трка за Белата куќа


Поранешниот потпретседател на САД денес ја поднел кандидатурата за претседателска номинација на републиканците во 2024 година до Федералната изборна комисија
Поранешниот потпретседател на САД денес ја поднел кандидатурата за претседателска номинација на републиканците во 2024 година до Федералната изборна комисија

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс денес изјави дека ја поднел кандидатурата за претседателска номинација на републиканците во 2024 година.

Пенс, конзервативен поранешен гувернер на Индијана, четири години му беше лојален на поранешниот претседател Доналд Трамп, но се разидоа кога Пенс ги одби барањата на Трамп да го промени конгресното потврдување на резултатите од изборите во 2020 година, што покажа дека тие изгубиле, и што доведе до нападот на Конгресот на 6. јануари од поддржувачите на Трамп, од кои над 1.000 луѓе беа уапсени.

Неодамна, Пенс сведочеше пред големата порота која го истражува Трамп.

Сега, тој се надева дека ќе ги убеди републиканските гласачи дека тој, а не Трамп ниту низа други декларирани или веројатни републикански кандидати, ја заслужуваат републиканската претседателска номинација.

Но, националните анкети на републиканците покажуваат дека Трамп, иако се соочува со повеќе криминални истраги поврзани со неговото претседателствување, е далеку понапред во конкуренцијата за номинација, со гувернерот на Флорида Рон ДеСантис на второто место, а Пенс и другите уште подалеку, со помалку од 5 отсто поддршка.

Пенс официјално ќе ја објавува својата претседателска кандидатура в среда, на неговиот 64-ти роденден, во средозападната сојузна држава Ајова.

Тој денес ја официјализираше својата кандидатура со поднесување документи до Федералната изборна комисија.

XS
SM
MD
LG