Линкови за пристапност

Не е важно колку долго се владее, туку дали се уриваат институциите


Не е важно колку долго се владее, туку дали се уриваат институциите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Без независно судство и обвинители многу е тешко да се контролираат лидерите, смета Санхо Три од Институт за политички студии во Вашингтон

Не е важно колку време некој е на власт, туку дали мандатот го користи за нарушување на институциите на системот, вели Санхо Три од Институт за политички студии во Вашингтон, по објавувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на десетата изборна победа на партијата.

„Ако сте многу време на власт и ако уставот тоа не го забранува, но ја користите моќта да ги нарушите независноста на медиумите и системот на контрола и баланс, тогаш е проблематично“, вели Три.

За да има одговорна влада, тој вели дека мора да постојат слободни медиуми и независен судски систем, а луѓето на власт треба да ги почитуваат одлуките на институциите.

Според него, голем проблем се лажните вести и пропагнадата во корист на владејачките партии, што овие лидери ги држат на власт долго време.

„Ако кажувате лаги, правите грев. Ја крадете можноста на луѓето да донесат одлуки базирани на факти и на реалноста“, објаснува тој.

Без независно судство и обвинители многу е тешко да се контролираат лидерите, смета Три и додава:

„Владите не сакаат промени. Тие сакаат да гласате за нив, но потоа да се повлечете и да бидете тивки. Граѓаните мора да го користат правото да влијаат врз одлуките за нивниот живот, бидејќи демократијата не е пасивен акт и референдум на четири години, туку е процес на вклученост“.

Според него, мора да постои силна опозиција, за да се случуваат промени, оти владите кои се долго на власт стануваат корумпирани.

На крајот не завршуваат добро, вели тој, посочувајќи го примерот со Зимбабве и Гамбија.

Блесинг Зулу, новинар во Гласот на Америка, вели дека економијата во Зимбабве и во другите африкански држави, била нарушена, а биле извршени и многу масакри за време на долготрајни владеења на исти луѓе.

„Линијата е тенка. Долго останување на власт обично води во диктатура, што е сериозен удар за едно демократско општество“, рече Зулу.

XS
SM
MD
LG