Линкови за пристапност

Возило удри во пешаци пред џамија во Лондон


Инцидентот се случи по минатомесечниот терористички напад во Манчестер

Од полицијата во Лондон соопштија дека комбе удрило во пешаци пред џамија во северниот дел на градот, при што 10 лица биле повредени и дека станува збор за терористички акт.

Властите велат дека го уапсиле 48 годишниот возач, за кој се верува дека е единствениот напаѓач.

Генералниот секретар на Муслиманскиот совет на Британија, Харун Кан вели дека според исказите на сведоците, напаѓачот бил „мотивиран од ислмофобија“ и дека тие „во молитвите се` со жртвите“.

Областа била полна со верници кои присуствувале на вечерните молитви за Рамазан.

Во Велика Британија се чувствува напнатост по неодамнешните инциденти, вклучувајќи го и терористичкиот бомбашки напад во Манчестер и неодамнешниот напад во Лондон.

XS
SM
MD
LG