Локалните избори во Македонија ќе се одржат на 24-ти март, одлучи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во чија надлежност, според законот, е оваа обврска.
Законот предвидува локалните избори да се одржат во втората половина на март, а законскиот рок од 70 и 90 дена од распишувањето даваше можност за два датуми – 24-ти и 31-ви март, но како што беше образложено, бидејќи верниците од католичка вероисповед на 31-ви март го слават Велигден, одлучено е изборите да се одржат на 24-ти. Решението од денеска се наоѓа во Државната изборна комисија која е задолжена за спроведување на изборите.
Вељаноски во кусата изјава денеска ги повика сите учесници во изборниот процес да го почитуваат Уставот и законите и да овозможат тој да се одвива на најдостоинствен начин, што, според него, ќе овозможи континуитет во добивањето на најпозитивни оценки за спроведување на овој исклучително значаен процес.
Одлуката за распишување на локалните избори дојде во време кога опозицијата предводена од СДСМ најави нивен бојкот доколку не се испочитуваат неколку услови - заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, да бидат сменети министрите за внатрешни работи, правда и финансии, изборите да се спроведат спроред препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се прочисти избирачкиот список. Се очекува за овие барања на опозицијата в сабота на состанок да расправа највисокото партиско тело на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Извршниот комитет.
Денеска претставниците на меѓународната заедница во Македонија со заедничка изјава ја повикаа опозицијата - да се врати во Собранието кое го напушти по ицидентите на 24-ти минатиот месец, по повод донесувањето на буџетот за 2013-та година, но, и власта - да создаде услови за ефикасно и транспарентно делување во Парламентот.
Мисијата на ЕУ и Амбасадата на САД во Македонија во соопштението изразуваат загриженост од неодамнешните внатрешно – политички настани во земјата бидејќи, како што се наведува, тие го одвлекуваат вниманието од стратешките приоритети на државата.
„Во една парламентарна демократија Парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во Собранието за да ги претставува големиот број граѓани кои гласаа за неа на последните парламентарни избори“, стои во заедничката изјава на шефот на мисијата на ЕУ и Амбасадорот на САД во Македонија.
Според нив, на секоја демократија и` треба силна и активна опозиција.
„Истовремено, ја охрабруваме владата да создаде услови за ефикасно и транспарентно делување во Парламентот. Важно е сите партии да ја почитуваат оваа институција, нејзините процедури и демократските вредности врз кои е заснована. Веруваме дека ова ќе биде во интерес на сите политички партии, како и во интерес на земјата со оглед на клучната важност која ја имаат ЕУ и НАТО интеграцијата за иднината на сите нејзини граѓани, без оглед на нивната политичка определба“, велат од ЕУ и САД.
„Подготвени сме за разговори за надминување на политичката криза“, одговорија експресно од опозициската СДСМ, веднаш по објавувањето на ставот на меѓународната заедница.
„Се согласуваме дека активниот политички дијалог е примарен постулат за надминување на сегашната политичка криза. Во таа смисла, како што изјавивме неколку пати до сега, повторуваме дека сме подготвени веднаш и во било кој формат да разговараме за можностите за што побрзо надминување на политичката криза. Исто така, се согласуваме дека во една нормална и функционална демократија, Парламентот е вистинскиот форум за адресирање и дебатирање на сите прашања. За жал, на 24-ти декември 2012-та година, во македонскиот Парламент се случи флагрантно кршење на Уставот, собранискиот Деловник и досегашната парламентарна пракса, а пратениците на опозицијата и преставниците на медиумите со полициско насилство беа исфрлени од Парламентот. Ваквиот груб преседан го прави македонскиот Парламент нелегитимен, а тој легитимитет може да се поврати само на предвремени парламентарни избори, и тоа доколку истите бидат фер и слободни“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ истакнуваат дека исклучително ги ценат континуираните напори на ЕУ и на САД во насока на подобрување и целосна функционалност на демократските процеси во Република Македонија, но оти очекуваат и јасна осуда на, како што се посочува, „газењето на уставниот поредок, правната држава и демократските начела“.
Лидерот на опозициската Демократска партија на Албанците Мендух Тачи денеска соопшти дека неговата партија ќе оди на избори, иако смета дека, како што рече, оваа Влада нема капацитет да спроведе фер и демократски избори.
„Тие што во избирачкиот список ставија над 200.000 фиктивни луѓе, сега се сетија на тоа. Им пожелувам да го решат овој проблем. Но, ако не сме коректни и принципиелни, не можеме да очекуваме коректност од другата страна. Ако сакаме сериозно да имаме локални избори како што треба, тогаш треба да го спроведеме новиот попис, за што очигледно нема политичка волја ни внатрешна, ни надворешна“, изјави Тачи во Тетово.