Линкови за пристапност

Лилјак, змија или мравојад - кој е одговорен за појавата на коронавирусот?


Експертите велат дека бил пренесен од животно на човек на пазар за живи диви животни во Вухан, Кина.

Експертите велат дека коронавирусот бил пренесен од животно на човек на пазар за живи диви животни во Вухан, Кина. Во следните месеци, вирусот рапидно се прошири низ светот и е објавена пандемија. Кризата ја принуди кинеската влада да воведе забрана за консумирање и трговија на диви животни на пазарите.

Змии, лилјаци, и друг вид на егзотични животни се популарна храна за делови од Југоисточна Азија, каде се сметаат за деликатес и добар извор на протеини.

Но купувањето и консумирањето од пазарите на диви животни сега се смета за ризично откако експертите објавија дека заразниот коронавирус најверојатно дошол од животно на човек, на локацијата Вухан, во Кина.

На забави, на прослави на годишнини се служи месо од змија или лилјаци - веднаш се оди кон тоа, зашто се смета за деликатес
Крафорд Алан, Светски фонд за заштита на животни

Лилјаци, змии, а од неодамна и мравојад, се верува дека помогнале да се шири вирусот.

Кинеската влада ги затвори сите пазари на живи егзотични животни ширум Кина, и забрани лов, купување или продавање на илегални диви животни за конзумирање.

„Јасно е дека кинеската влада сфати дека вирусот имал такво влијание заради слабата регулатива и недоволна контрола на тие пазари“ вели Алан.

Крафорд Алан е од Светскиот фонд за заштита на егзотични животни во Вашингтон.

„Мислам дека следат големи казни, и стриктна контрола на пазарите“ вели Алан.

Алан вели најдобро е сите вакви пазари да бидат затворени, за да се спречи слична појава во иднина.

„Има пазари во Индонезија, Виетнам, Лаос, Мјанмар, каде може да се случи истото како во Вухан“ објаснува Алан.

Кај овие држави нова регулатива и забрани - пенетрираат бавно. Лилјаците и змиите се уште се популарни во Индонезија и покрај опаѓањето на продажбата за 50 отсто.

На луѓето не им е страв да јадат месо од лилјак или змија затоа што тоа е традиционална храна со години
Фреди Томохон од Индонезија


„Продолжуваме да продаваме место од лилјаци и змии. Не се плашиме од коронавирусот затоа што имаме специјален метод на готвење и чистење на месото“ вели Фреди Паренгкуан, продавач од Индонезија.

Алан вели дека прашањето не е само ризик по здравјето.

„Се надевам дека со забрана на овие нелегални пазари, ќе помогне да се заштити светот на егзотичните животни“ вели Крафорд Алан, Светски фонд за заштита на животни.

Тој се надева дека лекциите од КОВИД-19 ќе бидат научени.

XS
SM
MD
LG