Линкови за пристапност

Лидерска средба - избори ќе има, митинзи ќе нема


Лидерска средба - избори ќе има, митинзи ќе нема
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Лидерска средба - избори ќе има, митинзи ќе нема

Македонските партиски лидери се согласија - изборите остануваат на 12-ти април но нема да се одржуваат митинзи и големи собири, кампањата ќе биде прилагодена согласно препораките за превенција на коронавирусот.

Засега, ситуацијата со коронавирусот нема да се одрази врз датумот на одржување на изборите. Партиските лидери денеска во владата разговараа за економските импликации, за преадаптирање на изборната камапања, но не и за опцијата за одложување на изборите закажани за 12 април.

„Не разговаравме за такво нешто зашто нема потреба. Разговаравме за ситуацијата и за одговорноста и се договоривме дека ќе разговараме за се. Зборевме за усогласување на кампањата“ вели техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Ќе се почитуваат насоките на надлежните институции. Нема да има големи митинзи и собири. Ќе се најде друг начин и сите партии ќе може да ги користат електронските медиуми и нема да има проблем“ изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Свесни сме дека сме во предизборие, се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и дека ќе нема состојба која би не упатила на одложување на изборите“ вели Билал Касами, претседател на БЕСА.

„Не се разгледуваше можност за одложување на изборите, она што го зборевме е преадпатирање на изборната кампања, поинаку таа да се води“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На состанокот сите лидери се согласиле дека најважно е здравјето на граѓаните и дека затоа е неопходно сите да покажат одговорност.

„Здравјето секому треба да е над се. Здравјето на граѓаните мора да е највисок приротет на сите институции и политички субјекти. Во таа насока се и новитее препораки за забрана на јавно настани, но и препораките до кафулињата да обезбедат соодветно растојание меѓу гостите“ рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Партиите се согласни дека кампањата за претстојните избори ќе се води поинаку, преку медиумите, преку социјалните мрежи, но не и преку големи партиски митинзи, како што беше случајот во претходните изборни циклуси.

XS
SM
MD
LG