Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД забрани дискриминација на ЛГБТ работниците


Судот пресуди дека работодавач што отпушта поединец само заради неговата сексуална ориентација го прекршува Законот за граѓански права

Врховниот суд на САД во понеделникот донесе одлука дека сојузните закони за вработување забрануваат дискриминација врз ЛГБТК работниците, што претставува голема победа на сексуалните малцинства во Америка.

Судот пресуди дека „работодавач што отпушта поединец само заради тоа што е геј или трансексуалец“, го прекршува Насловот VII од Законот за граѓански права од 1964 година.

Конзервативниот главен судија, Џон Робертс и неговиот колега конзервативецот Нил Горсух, кој беше назначен од претседателот Доналд Трамп, се приклучија на мислењето на мнозинството.

Во законот за граѓански права се вели дека работодавците не можат да бидат дискриминирани „поради полот“.

Во 2015 година, Комисијата за еднакви можности за вработување, под администрација на Обама, донесе одлука за забрана на дискриминација на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Меѓутоа, администрацијата на Трамп застана на страната на работодавци кои беа тужени за дискриминација во три случаи што доведоа до пресуда во понеделникот.

Во два од случаите - Босток против Клејтон Каунти и Алтитуд Експрес против Зарда - прашањето беше дали Насловот VII од Законот за граѓанска права од 1964 година, кој забранува сексуална дискриминација, се протега и на сексуалната ориентација.

Џералд Босток, социјален работник и Доналд Зарда, инструктор за падобрански скокови, тврдат дека биле отпуштени бидејќи се хомосексуалци.

Во третиот случај - Р.Г. & Г.Р. Харис погребни домови против Комисијата за еднакви можности за вработување - од судиите било побарано да утврдат дали забраната на сексуалната дискриминација од Насловот VII во законот ги опфаќа и трансродовите лица. Во овој случај, Ејми Стивенс, вели дека ја изгубила својата работа токму поради трансродовост.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG