Шефот на државата вели дека е „неприфатлива дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет, а премиерот напиша дека„ во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес“. Пораките на државниот врв се по повод 17-ти мај Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, теми кои се уште се сметаат за табу во одредени делови на македонското општество. Владата вели дека има напредок иако Европската комисија во својот последен извештај за земјава нотираше дека се уште доминираат предрасудите, дискриминацијата и нетолеранцијата кон ЛГБТ заедницата.
Напредокот за 12 позиции на нашата држава на „Реинбоу мапата“ што ја дава сликата за тоа како изгледа Европа, во поглед на состојбата со човековите права на ЛГБТ заедницата. Според неа, нашата земја за 2020-та е рангирана на 33-то место од 49 држави, бележи скок од 12 позиции во однос на претходната година“, изјави министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска.
Собранието лани го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација, но, не се исклучуваат негови можни измени за допрецизирање на материјата.
„Продолжуваме сите да соработуваме водени од нашата заедничка цел, а тоа е да се спречи и да се заштитат од дискриминација сите граѓани и на припадниците на ЛГБТ заедницата“, координаторката на интерпарламентарната група за поддршка и права на ЛГБТ заедницата, Маја Морачанин.
За подобрување на ситуацијата вклучен е и граѓанскиот сектор – преку обуки и изработка на акциски план.
„Во соработка со министерството за труд спроведуваме обуки за недискриминација во која се опфатени државни и јавни службеници и досега поминаа околу 325 службеници. Го работиме и акцискиот план за ЛГБТ кој е приближување до законодавството на ЕУ“, рече Давид Тасевски од невладината Субверзивен фронт.
На 17-ти мај 1990-та Светската здравствена организација ја симна хомосексуалноста од класификацијата дека е заразна болест. Затоа, овој ден се одбележува глобално во повеќе од 130 земји како начин за кревање на свеста дека сите луѓе, независно од нивната сексуална ориентација, имаат права како и нивните сограѓани.
Facebook Forum