Американскиот секретар за финансии Џек Лу смета дека последиците од големото буџетско кратење, што автоматски стапи на сила на 1-ви март оваа година, откако демократите и републиканците не постигнаа договор за владините трошоци, започнале да се чувствуваат и би можеле да се одразат и на националната безбедност.
На тркалезна маса во Вашингтон што се одржа вчера, Лу кажа дека Пентагон морал да укине дел од обуката, со што дел од пилотите немаат доволно часови минати во воздух, а што им е неопходно во евентуална кризна ситуација.
Лу кажа и дека сега помалку пари добива програмата „Оброци на тркала“ преку која се прехрануваат стари лица и други кои не можат самите да си подготвуваат оброци.
Секретарот за финансии наведе дека економијата е се` посилна и дека наредната година може дополнително да зајакне. Според него, буџетското кратење може да се избгене и да се замени со натпартиски компромис и разумен баланс во Конгресот.