Линкови за пристапност

Претставничкиот дом изгласа натамошно финансирање на владата


Сенатот допрва ќе се изјасни, додека партиите и натаму различно гледаат на буџетската ситуација.

Претставничкиот дом на САД, каде мнозинство имаат републиканците, одобри мерка за натамошно финансирање на Владата до крајот на фискалната година, со што би се избегнало нејзино затворање.

Буџетската мерка од $982 милијарди долари не значи и укинување на автоматското кратење на владините трошоци од 85 милијарди долари, кое настапи на 1-ви март и ќе остане на сила. Па сепак, мерката што мина во Претставничкиот дом би му дала на Одделот за одбрана поголема флексибилност подобро да се справи со задолжителното буџетско кратење.

Демократската конгресменка од Флорида Деби Васерман ја осуди мерката што ја усвои Домот, со објаснување дека го содржи истиот, неселективен принцип на кратење како претходното од 85 милијарди долари. Републиканскиот конгресмен Том Латам од Ајова, пак, рече дека таа е најдобрата алтернатива која на владата и` дава чувство на извесност за нејзиното финансирање.

Мерката најверојатно нема да биде земена предвид во Сенатот, каде демократите, кои имаат мнозинство, според најавите во медиумите, подготвуваат своја верзија.
XS
SM
MD
LG