Линкови за пристапност

Либан преплавен од сириски бегалци


Можноста за напад од САД поттикна наплив на Сиријци кои бараат засолниште во села од другата страна на границата.

Во источен Либан, сириски бегалци чекаат да почне да се дели леб. Бесам Казах раководи со прифатниот центар и вели дека работата во целост зависи од приватни донации. Како се наближува војната, вели тој, донациите се се` помали, а бројот на бегалци расте.

„Жалам за тоа што се случува, бидејќи се соочуваме со мошне сериозни проблеми. Во центарот имаме и многу жени, кои немаат никаква поддршка“, вели Казан.

Во непосредна близина на центарот, пет сириски семејства се доселиле во напуштена зграда.

Вториот кат е без прозорци, нема врати, а децата си играат во урнатините од паднатите ѕидови.

Една од жените во куќата, сите бегалци од Дамаск, вели дека на децата веќе им е ладно, а во Либан се` уште е лето.

Таа вели дека нејзиното семејство минатиот месец го напуштило домот бидејќи со сопругот се плашеле дека децата ќе загинат.

Оваа жена и нејзините соседи велат дека се плашат оти ограничените ресурси за бегалци во оваа област нема да бидат доволни доколку луѓето продолжат да доаѓаат.

Хуманитарните работници велат дека бегалците почнаа да ја преминуваат границата откако претседателот Барак Обама соопшти дека планира да нареди воздушна акција во Сирија како казна за режимот за наводниот напад со хемиско оружје.

Локалното население вели дека селата во Либан веќе имаат повеќе бегалци отколку жители и дека тие доаѓаат побрзо од кога и да е и дека доколку нешто не се промени, постои стравување дека хуманитарните екипи нема да можат да одговорат на потребите.

Локален жител дури изјави дека властите одговараат на напливот бегалци со арбитражни рестрикции – не дозволуваат влез во земјата ако барателот има поткината лична карта, на пример.

Бегалците сепак доаѓаат и нивна надеж е дека и роднините што ги оставиле во Сирија ќе можат на време да ја напуштат Сирија. Од ОН истовремено се бара дополнителна меѓународна помош, која во моментов е неизвесна.
XS
SM
MD
LG