Линкови за пристапност

Владата на Либан попушта пред масовните протести


Многу напаѓаната влада на Либан се очекува да усвои пакет економски реформи предизвикани од речиси целонеделните масовни протести против владеачката елита на државата.

Протестантите запалија контејнери за отпад и ги употребија истите како бариери на главните патишта во Бејрут пред вонредната средба на кабинетот, додека повици преку социјалните медиуми ги поттикнуваа луѓето на бојкот, а банките, училиштата и универзитетите останаа затворени.

Протестите започнаа во четвртокот, поттикнати од предложеното оданочување на текстуалните пораки на мобилните телефони.

Стотици илјади протестанти излегоа на улиците на главниот град на Либан во неделата, што е најголем протест од 2005-та.

Предложените такси веднаш беа поништени, но протестите продолжија со барања за реформа на политичкиот систем, со голем број поплаки, од мерките за штедење до слабата инфраструктура.

Демонстрантите бараат оставка на премиерот Саад Харири и целата негова влада, обвинувајќи ја за корупција на официјалните лица и за лошата економска ситуација во Либан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG