Од коригирање на погрешни и дезинформации за имигрантите до објаснување како и каде да гласаат, на латиноамериканските медиумски куќи во САД им е отежната работата.
„Ние сме во изборна година. Луѓето бараат повеќе информации и поставуваат повеќе прашања. Кога објавуваме сторија, секогаш добиваме прашања за неа“, вели Клаудија Хинестра од „Ел Темпо Латино“.
„Ел Темпо Латино“ во Вашингтон известува за теми важни за латиноамериканската заедница во САД и ги користи социјалните медиуми за да допре до нивната публика.
„Во моментов сите содржини на телефон се многу важни, како и кратките видеа. Мислам дека тоа е најбрзиот и најефикасен начин да се допре до луѓето“, вели Хинестра.
Истражувачкиот центар „Пју“ откри дека Латиноамериканците претежно доаѓаат до вести преку Интернет и социјалните медиуми. И една студија на Нилсен вели дека оваа заедница ги фаворизира „ВатсАп“, „Телеграм“ и „Инстаграм“.
Пред изборите во ноември, Латиноамериканците имаат многу предизвици, а оние од нас кои се обидуваме да им служиме и да ги информираме, исто така, имаме предизвициЛора Зомер, коосновачка на „Factchequeado“
Публиката сака одговори, вели Хинстра. За да ѝ ги обезбеди на публиката потребните информации. „Ел Темпо Латино“ користи алатки за проверка на факти или бара помош од својот партнер „Фактчекиедо“.
Основана во 2022 година, непрофитната организација следи погрешни и дезинформации во вестите во латиноамериканската заедница во САД.
„Пред изборите во ноември, Латиноамериканците имаат многу предизвици, а оние од нас кои се обидуваме да им служиме и да ги информираме, исто така, имаме предизвици“, посочува Лора Зомер, коосновачка на „Factchequeado“.
Еден од тие предизвици е употребата на вештачка интелигенција.
„На пример, на ТикТок гледаме дека е објавено видео со дезинформативен наратив, и потоа гледаме две други видеа, со истиот наратив, но со различен водител, кој го кажува истото“, додава Зомер.
Друг предизвик е справување со сите дезинформации.
„Еден наратив кој многу се појавува е поврзан со речиси теорија на заговор која тврди дека [недокументирани] мигранти гласаат“, вели Зомер.
Брзината е клучна за разоткривање на овие лажни наративи, кои брзо патуваат на социјалните мрежи, вели Зомер. Но, „Фактчекиедо“ има моќна алатка на располагање: соработка.
Собра десетици партнери во 22 држави. Големите и малите редакции – како „Ел Темпо Латино“ во Вашингтон -- користат „Фактчекиедо“ за да ги потврдат информациите.
„Политиката без сомнение е тема каде што гледаме дека Латиноамериканците се слабо информирани или се погрешно информирани. Но, гледаме дека нашата публика сака да чита и да учи“, вели Маркос Порас од „Ел Темпо Латино“.
Дел од напорите за едукација на читателите вклучува видеа со објаснување за изборниот процес во САД, за да се пополнат празнините во информациите. Во спротивно, лошите актери можат да ги искористат предностите и да ја пополнат таа празнина со дезинформации, вели Зомер.
Facebook Forum