Линкови за пристапност

Крај на американскиот цент?


Крај на американскиот цент?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Крај на американскиот цент? Претседателот Доналд Трамп му нареди на американскиот Оддел за финансии да престане да ги кова центите, чии трошоци за производство ја надминуваат неговата вредност од 1 цент.

Ќе ги најдете во близина на касите, во теглите од кусур и по тротоарите. Но, американскиот центнаскоро може да стане минато, бидејќи претседателот Доналд Трамп му нареди на Одделот за финансии да престане да ја кова паричката од 1 цент.

Ова не е прв пат центот да биде на удар. Со зголемувањето на цените на бакарот од 70-тите, секоја монета од 1 цент чини 3,7 центи. Само минатата година американскиот Оддел за финансии загубил85,3 милиони долари, за произведство. И додека за еден цент некогаш можеше да се купи бонбона, монетите сега практично немаат никаква вредност поради инфлацијата.

Некои земји, како што се Канада и Австралија, веќе ги елиминираа своите монети од 1 цент, додека други, како Унгарија и Чешка, престанаа целосно да ја користат својата главна валутна единица.

Но, иако легислативата за запирање на ковањето на парите беше постојано воведувана во САД од 1990 година, центот сепак опстои. Компаниите за цинк и бакар лобираа кај владата преку разни организации, додека потрошувачите изразуваа загриженост за влијанието врз цените.

Укинувањето на центот најверојатно ќе бара да се исковаат повеќе монети од 5 центи, кои, пак, се уште поскапи за производство во однос на нивната вредност.

Настрана од ваквите размислувања, центот има носталгично и културно значење. А со дебатата, исто така, се поставува прашањето за тоа како оддалечувањето од готовината ќе влијае на најсиромашните Американци?

Дали претседателот може да го укине центот? Додека одлуките за валути вообичаено ги донесува Конгресот, секретарот за финансии Скот Бесент можеби ќе може еднострано да и наложи на американската ковачница да престане да ги произведува. Без оглед на исходот, со 240 милијарди пени во оптек, тие веројатно ќе бидат присутни уште некое време.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG