Линкови за пристапност

Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка – претстојните избори ги гледа како избор меѓу Исток и Запад


Со овој чекор ќе почне процедурата за избор на нова „Пржинска“ влада во која ресорите за внатрешни работи и за труд и социјала, како и три заменички места, ги добива опозицијата.
Со овој чекор ќе почне процедурата за избор на нова „Пржинска“ влада во која ресорите за внатрешни работи и за труд и социјала, како и три заменички места, ги добива опозицијата.

В четврток Димитар Ковачевски ќе поднесе оставка на позицијата премиер – тоа денеска самиот го соопшти. Со тоа во оставка е целата негова влада. Со овој чекор ќе почне процедурата за избор на нова „Пржинска“ влада во која ресорите за внатрешни работи и за труд и социјала, како и три заменички места, ги добива опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги соопштило имињата за овие позиции. Ситуацијата се усложнува зашто на изјавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе предложи кадри, но нема да гласа „за“ владин кабинет кој ќе го предводи Талат Џафери, мнозинството одговори дека во тој случај ќе биде предложена влада во која местата наменети за опозицијата ќе останат празни.

„Има доволно време до недела за сите работи да се договорат. Сите треба да бидат сериозни. Не може некој да се однесува како 13-годишно дете - јас ќе предложам и нема да гласам, нема да гласам ова, нема да гласам она. Значи, секој мора да биде сериозен. Никаде во свет нема да предлагате министри а друг да ви ги гласа. Еве, најдете ми еден пример кај што некој предложил министри и барал да му ги гласа некој друг“, изјави Ковачевски.

Ковачевски изборите ги гледа како избор меѓу Исток и Запад
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Претстојните избори, според Ковачевски, се клучни за иднината на земјата и за нејзината ориентација – кон исток или кон запад.

„Овие избори нема да бидат меѓу левица и десница, овие избори ќе бидат меѓу Запад и Исток. Такви ќе бидат изборите во 2024 година. Вообичаено станува збор за избори, каде што имате политички партии центар и лево од центар или политички партии центар и десно од центар, кај нас сега ќе бидат избори на кои ќе се соочат политички партии кои се за западна ориентација на државата и политички партии коишто се за јасна источна ориентација на државата“, рече тој.

Претходно, неговиот прв заменик ја отвори темата за влијанието на Москва во земјава – почнувајќи од настаните на 27 април, преку потпишувањето на Преспанскиот договор, па се до сега – период на предизборие.

„Дали има руско влијание во нашите верски заедници? Одговорот пронајдете си ги сами. Дали има руско влијание во нашите медиуми? Одговорот, пак си го знаете сами. Дали има руско влијание во невладините организации? И сите знаете дека е така, дека има руски експоненти и елементи коишто прават сè што е можно и во нивна моќ да ги нарушат прогресивното парламентарно мнозинство и коалиција којашто сака да ја види оваа држава членка на НАТО и ЕУ и во вековно пријателство со Америка. Затоа, дами и господа се обидуваме да го изградиме европскиот фронт на заедништво, на прогресивни сили во државата“, рече првот вицепремиер, Артан Груби.

ВМРО-ДПМНЕ реши денеска да одговори на пораката на првиот човек на Стејт департментот за Европа и Евроазија Џејмс О`Брајан, дадена во Скопје во пресрет на изборите, дека граѓаните имаат избор меѓу една партија која дала предлог за напредок и партија која само ветува дека ќе најде друг начин за напредок.

„ВМРО-ДПМНЕ докажано секогаш била проевропски ориентирана, а во однос на главното прашање со Бугарија, ВМРО- ДПМНЕ има прецизни решенија коишто ќе бидат дел од изборната програма“, рече портпаролот ва ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За неколку месеци во земјата ќе се одржат двојни избори – првиот круг претседателски избори на 24 април, и вториот круг претседателски заедно со парламентарните избори на 8 мај.

XS
SM
MD
LG