Линкови за пристапност

Изборите во Косово ја менуваат политичката сцена и преговорите со Србија


Аналитичарите очекуваат обновување на дијалогот помеѓу Косово и Србија

Предвремените избори во Косово во неделата, каде што опозициската централно-левичарска партија освои најмногу гласови, по се изгледа ќе ја променат политичката сцена, а аналитичарите велат дека тоа може да го обнови дијалогот со соседна Србија.

Во изјава за „Гласот на Америка“, портпаролката на Стејт департментот го повика новото раководство на Косово да биде подготвено „веднаш да соработува со Србија и да работи на постигнување на договор за нормализирање на односите“.

Шефот на партијата „Самоопределување“, Албин Курти, ја истакна важноста на дијалогот, но рече дека не брза да ги започне разговорите за нормализација.

„Тоа не може да биде врвен приоритет на првиот ден за мене како нов премиер“, рече Курти во интервју за Асошиетед Прес.

Ако Курти - поранешен лидер на студентско движење со националистички предзнак - стане премиер, тој ќе биде првиот повоен лидер на земјата што не потекнува од редовите на поранешните борци за независност.

Косовската Демократска партија, на која претседателот Хашим Тачи ѝ е поранешен лидер, за прв пат ќе стане опозиција.

Самоопределување, сепак, нема да може да формира влада само. Партијата освои 25,59% од гласовите, а Курти веќе ја покани централно-десничарската Демократска лига на Косово да формираат коалиција.

Дијалог со Србија

ЕУ и Соединетите држави настојуваат Косово и Србија да продолжат со дијалогот како пат кон евроатлантските интеграции. Сепак, разговорите се во застој, откако Косово минатиот ноември воведе 100% царини на српските производи.

Додека некои аналитичари предвидуваат дека царините ќе бидат укинати, други се воздржани оптимисти.

„Новата влада, со помош на САД и Европската унија, лесно може да излезе со формула со Белград каде, на пример, тарифите се суспендирани додека започнуваат разговорите“, вели аналитичарот Јануш Бугајски.

Сепак, Србија не ја признава декларацијата за независност на Косово од 2008 година, што следуваше по кампањата на НАТО за запирање на етничкото чистење од страна на српските сили.

Минатата година, во текот на разговорите за промена на границата, имаше ветувања за нормализација на разговорите помеѓу Тачи и неговиот српски колега, претседателот Александар Вучиќ.

Дејвид Филипс од Универзитетот Колумбија вели дека таа идеја сега е мртва.

„Преговорите треба да имаат агенда, а агендата треба да биде исполнување на постојните договори“, рече Филипс, директор на универзитетската програма за мир и право.

Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопкинс“ вели дека народот на Косово веќе се изјаснил, со тоа што гласал против корупцијата на владата и предложената промена на границата.

„Очекувам Косово во следната фаза од разговорите да заземе солидна позиција во прилог на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, рече тој за Гласот на Америка на албански.

Грижите и надежите на Западот

Претставниците на Западот не се чувствуваа комотно со поранешните позиции на Курти, како што е неговото залагање за обединување на Косово со Албанија.


Курти отслужи повеќе од две и пол години во српски затвор за неговите про-независни активности, по што беше ослободен во 2001 година под притисок на Западот врз Белград.

По изборите овој викенд, српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, го нарече Курти „ѓубре“, додека Марко Ѓуриќ, српскиот службеник задолжен за косовските работи, го нарече Курти лажливец и „екстремист“, кој ги „гази“ демократските права на косовските Срби.

Но, Едвард Џозеф од Центарот за трансатлантски односи посочува дека некои политичари штом стигнат до функција ги менуваат своите ставови.

Тој рече дека Косово зависи од надворешни актери од економски и безбедносни причини.

Филипс од Универзитетот Колумбија вели дека американските службеници ќе се прилагодат на новата реалност.

„Курти прво ќе се обиде да формира влада“, рече Филипс. „Ќе треба да соработува со другите партии и ќе треба да ги реши односите со косовските Срби и списоците на Српска, за да можеме да работиме конструктивно кон зајакнување на заедничко општество кое е мултиетничко и демократско“.

Сервер од универзитетот „Џон Хопкинс“ вели дека погрешни се пресметките на оние што мислеле дека САД ќе вложат максимални напори за одржување на таканаречената „стабилократија“ - идеја за толерирање на правото на посилниот во замена за политичка стабилност.

„Кога и да постои сериозна владејачка алтернатива на Балканот, Американците не се спротивставија на нејзиното доаѓање на власт и не би требало да се спротивставуваат“, рече тој.

специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за косовско-српските мировни преговори
Заврши средбата Тачи – Гренел, немаше изјави за медиумите | opserver.mk
специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за косовско-српските мировни преговори
Заврши средбата Тачи – Гренел, немаше изјави за медиумите | opserver.mk
специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за косовско-српските мировни преговори
Заврши средбата Тачи – Гренел, немаше изјави за медиумите | opserver.mkВисоките претставници на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан и за дијалогот меѓу Косово и Србија, заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер и американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, денеска се во официјална посета на Приштина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG