Линкови за пристапност

И новинари од Јужна Кореја на затворањето на полигонот за нуклеарно оружје


Пјонгјанг во последен момент даде одобрение за нивната посета

Осуммина новинари од Јужна Кореја се упатиле кон Северна Кореја, откако режимот во последен момент даде одобрение, групата да може да го набљудува демонтирањето на локацијата за нуклеарно тестирање.

Тие требаше да се приклучат на група странски новинари од САД, Велика Британија, Кина и Русија, но, Сеул соопшти дека групата го пропуштила летот откако Пјонгјанг претходно одби да им даде одобрение.

Новинарите ќе го посетат полигонот за тестирање Пунгје-ри кој се наоѓа во изолиран планински регион, а што треба да се затвори до петок, во зависност од временските услови.

Северна Кореја објави дека ќе го уништи полигонот, како гест на добра волја пред планираниот самит меѓу лидерот Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп закажан на 12-ти јуни.

Претходно Пјонгјанг најави дека нема да присуствува на состанокот поради барањето на САД за унилатерална денуклеаризација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG