Линкови за пристапност

Компаниите за вештачка интелегенција ветија мерки за безбедност, рече Белата куќа


Водечките компании за вештачка интелигенција, вклучително ОпенАИ, Алфабет и Мета Платформс доброволно се обврзаа пред Белата куќа да имплементира мерки за содржината генерирана од вештачка интелигенција за да помогне да се направи технологијата побезбедна, рече администрацијата на Бајден.

Компаниите, меѓу кои се наоѓа и Мајкрософт, ветија дека темелно ќе ги тестираат системите пред да ги објават и да споделат информации за тоа како да се намалат ризиците и да се инвестира во сајбербезбедноста.

Овој потег се смета за победа за напорите на администрацијата на Бајден да ја регулира технологијата која доживеа бум во инвестициите и популарноста кај потрошувачите.

Откако генеративната вештачка интелигенција, која користи податоци за создавање на нови содржини како ЧетГПТ, стекна голема популарност оваа година, законодавците ширум светот почнаа да размислуваат како да ги ублажат опасностите од новата технологија за националната безбедност и економијата.

Лидерот на мнозинството на американскиот Сенат Чак Шумер, кој повика на „сеопфатна легислатива“ за унапредување и обезбедување заштитни мерки за вештачката интелигенција, во петокот ги пофали обврските и рече дека ќе продолжи да работи за да ги прошири.

Администрацијата на Бајден рече дека ќе работи на воспоставување меѓународна рамка за управување со развојот и употребата на вештачката интелигенција, според Белата куќа.

Претседателот Џо Бајден, кој денес е домаќин на директорите од седумте компании во Белата куќа, исто така работи на развивање извршна наредба и двопартиско законодавство за технологијата за вештачка интелигенција.

Компаниите, исто така, ветија дека ќе се фокусираат на заштита на приватноста на корисниците додека се развива вештачката интелигенција и на обезбедување дека технологијата е без пристрасност и не се користи за дискриминација на ранливите групи.

Други обврски вклучуваат развој на решенија за вештачка интелигенција за научни проблеми како што се медицинските истражувања и ублажување на климатските промени.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG