Линкови за пристапност

Кога ги напаѓате правата на жените во Америка, ја напаѓате Америка, рече Камала Харис


Минатата година, Врховниот суд ја укина одлуката „Роу против Вејд“, отворајќи ја вратата за некои сојузни држави да забранат абортус
Минатата година, Врховниот суд ја укина одлуката „Роу против Вејд“, отворајќи ја вратата за некои сојузни држави да забранат абортус

Американската потпретседателка Камала Харис викендов се појави на собир за право на абортус во Лос Анџелес, еден од бројните собири што се одржаа низ целата држава по неодамнешните судски одлуки со кои се ограничува пристапот до абортус.

„Кога ги напаѓате правата на жените во Америка, ја напаѓате Америка“, рече Харис.

Во петокот, Врховниот суд привремено ги задржа федералните правила за употреба на лекот за абортус мифепристон, откако пониските судски пресуди се обидоа да ја ограничат употребата на лекот кој жените го користат со години.

Администрацијата на Бајден и лабораториите Данко со седиште во Њујорк, производителот на пилулата, побараа од судиите да интервенираат.

Минатата година, Врховниот суд ја укина одлуката „Роу против Вејд“, отворајќи ја вратата за некои сојузни држави да забранат абортус.

Дел од информациите во текстот се од АП

XS
SM
MD
LG