Федералниот апелационен суд одлучи дека таблетата за абортус мифепристон сè уште може да се користи, но го намали периодот на бременост кога лекот може да се земе и рече дека не може да се издава по пошта.
Одлуката дојде доцна вчера, откако претходно судија на понискиот суд во Тексас пресуди целосно да се блокира одобрувањето на Администрацијата за храна и лекови за најчесто користениот метод за абортус во државата.
Сепак, спречувањето на апчињата да се испраќаат по пошта значи уште едно значајно ограничување на пристапот за абортус, помалку од една година по укинувањето на одлуката „Роу против Вејд“, што резултираше повеќе од десетина сојузни држави ефикасно да го забранат абортусот.
Случајот најверојатно ќе оди до Врховниот суд на САД.
„Ќе продолжиме да се бориме пред судовите, веруваме дека законот е на наша страна и ќе победиме“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денес, говорејќи пред новинарите од Даблин за време на посетата на претседателот Џо Бајден на Ирска.
Мифепристон беше одобрен за употреба од Администрацијата за храна и лекови пред повеќе од две децении и се користи во комбинација со втор лек, мизопростол.
Извор: АП