Линкови за пристапност

Кој ќе лета со Артемис околу Месечината?


Состав на екипажот што прави историја: Кристина Кох е првата жена, а Виктор Гловер првиот Афроамериканец што се вклучени во новата мисија на НАСА
Состав на екипажот што прави историја: Кристина Кох е првата жена, а Виктор Гловер првиот Афроамериканец што се вклучени во новата мисија на НАСА

НАСА денеска откри кои се четворицата астронаути кои ќе летаат околу Месечината до крајот на следната година. Првата екипа на Месечината по 50 години вклучува една жена и тројца мажи, од кои еден Канаѓанец.

На церемонија во Хјустон, НАСА ги претстави Рид Вајсман од НАСА, Виктор Гловер и Кристина Кох и Џереми Хансен од Канада. Тие нема да слетаат, па дури и нема да одат во орбитата на Месечината. Наместо тоа, тие ќе летаат околу Месечината и ќе се упатат директно назад кон Земјата. 10-дневната мисија ќе биде увертира за слетување на Месечината во 2025 година.

Мисијата (Artemis II) треба да се одржи во ноември 2024 година со четиричлениот екипаж кој ќе кружи околу Месечината, но нема да слета на неа.

Како дел од програмата на Артемис, НАСА има цел да испрати астронаути на Месечината во 2025 година – повеќе од пет децении по историските мисии на Аполо во 1972 година.

Американската вселенска агенција се надева дека ќе воспостави трајно човечко присуство на површината на Месечината и да започне патување до Марс.

Првиот човек на НАСА, Бил Нелсон изјави дека очекува мисија со екипаж на Марс до 2040 година. Ова тој го рече на самитот „Што е следно?“, организиран од Аксиос.

10-дневната мисија Артемис 2 ќе ја тестира моќната ракета на НАСА Систем за вселенско лансирање, како и системите за поддршка на животот на вселенското летало Орион.

Првата мисија Артемис заврши во декември со Орион капсула без екипаж која безбедно се враќа на Земјата по 25-дневно патување околу Месечината.

За време на патувањето околу Земјиниот орбитален сателит и назад, Орион забележал повеќе од 1,6 милиони километри и отишол подалеку од Земјата од кое било претходно вселенско летало погодно за живеење.

Нелсон на самитот исто така беше прашан дали НАСА може да се придржува до распоредот за слетување на астронаутите на јужниот дел од Месечината на крајот од 2025 година.

Вселената е комплицирана
Бил Нелсон

„Вселената е комплицирана“, рече Нелсон. „Треба да почекате за да бидете сигурни дека е безбедно, колку што е можно повеќе, бидејќи живеете буквално на работ“.

„Не сум загржен за термините“, рече тој. „Нема да лансираме сè додека не биде како што треба“.

Само 12 луѓе – сите бели мажи – имаат стапнато на Месечината.

Дел од инфомациите се преземени од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG