Линкови за пристапност

Спејс Икс ја лансираше најновата екипа на вселенската станица за потребите на НАСА


Флорида, 2 март (Ројтерс) - Компанијата на Илон Маск, Спејс Икс, лансираше екипаж од четири лица до Меѓународната вселенска станица рано во четвртокот, вклучувајќи руски космонаут и астронаут од Обединетите Арапски Емирати кои им се придружија на другите двајца Американци како дел од екипажот на НАСА.

Носачот на Спејс Икс, кој се состои од ракета Фалкон 9 на врвот со автономно управувана капсула Кру Драгон наречена Ендеавур, полета во 12:34 часот по полноќ од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.

Спектакуларната глетка со која беше осветлено небото пред зори во Флорида ја следеа неколку стотици жители во живо.

Летот се случи 72 часа откако првичниот обид за лансирање беше откажан во последните минути од одбројувањето рано во понеделникот поради проблеми со моторот. НАСА соопшти дека проблемот е поправен со замена на филтер и чистење на системот на моторите.

Патувањето до Меѓународната вселенска станица (ISS), лабораторија која орбитира околу 420 километри над Земјата, се очекува да трае речиси 25 часа.

XS
SM
MD
LG