Линкови за пристапност

Ќе продолжиме да работиме на прекин на огнот секој ден, рече Блинкен по убиството на лидерот на Хамас


Она што го знам е цврстиот императив за постигнување прекин на огнот и она што го знам е дека ќе продолжиме да работиме на тоа секој ден, изјави мериканскиот државен секретар во Сингапур
Она што го знам е цврстиот императив за постигнување прекин на огнот и она што го знам е дека ќе продолжиме да работиме на тоа секој ден, изјави мериканскиот државен секретар во Сингапур

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на настан во во Сингапур денес рече „сè што можам да ви кажам во моментов е дека мислам оти ништо не ја намалува важноста ... да се дојде до прекин на огнот“, откако Иран соопшти дека лидерот на Хамас Исмаил Ханијех бил убиен во Техеран.

„Нема да шпекулирам какво влијание може да има некој настан врз тоа“, рече Блинкен.

„Она што го знам е цврстиот императив за постигнување прекин на огнот и она што го знам е дека ќе продолжиме да работиме на тоа секој ден“.

На прашањето дали може да потврди дека Израел стои зад нападот во Техеран и дали Израел ги известил САД, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој е на Филипини, им рече на новинарите:

„Немам ништо за вас за тоа“.

Остин рече дека ситуацијата долж границата меѓу Израел и Либан останува загрижувачка и дека ќе остане во контакт со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и клучните лидери во регионот.

„Ќе направиме се` што можеме за да се погрижиме работите да не се претворат во поширок конфликт низ целиот регион“, рече Остин.

Иран изјави на Икс дека ќе го брани својот територијален интегритет, чест и гордост и ќе го натера Израел да „зажали за својот кукавички чин“.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го нарече убиството на Ханијех „кукавички чин и сериозна ескалација“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Турција го осуди, како што го нарече, „срамниот атентат“ на Ханијех.

Турското министерство за надворешни работи во соопштението рече дека „овој напад, исто така, има за цел да ја прошири војната во Газа во регионална димензија“.

Русија, исто така, го осуди убиството на Ханијех, нарекувајќи го „неприфатливо политичко убиство“.

Некои информации се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG