Линкови за пристапност

Израел изврши напади врз Хезболах откако 12 лица загинаа во ракетен напад од Либан


Чад се крева по израелски воздушен напад во јужно либанско погранично село, 28 јули 2024 година
Чад се крева по израелски воздушен напад во јужно либанско погранично село, 28 јули 2024 година

Израелските сили извршија копнени и воздушни напади денес во јужниот дел на појасот Газа, додека вниманието беше фокусирано и на границата на Израел со Либан и потенцијалот за ескалација во судирите меѓу израелските сили и милитантите на Хезболах.

Израелската војска соопшти дека нејзините операции во Газа вклучуваат борби во Рафа и Кан Јунис, како и воздушни напади чија цел биле околу 35 цели на Хамас низ појасот Газа во текот на изминатиот ден.

Во јужен Либан, во израелски напад денес загинаа две лица, а тројца беа повредени, според либанската државна новинска агенција.

Израел и Хезболах се вклучија во засилени борби долж границата од почетокот на војната во Газа во октомври, што ги зголеми стравувањата од поширок регионален конфликт.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека неговите сили ќе се погрижат Хезболах „да плати цена“ како одговор на ракетниот напад во саботата, кој потекнува од Либан и го погоди фудбалското игралиште на Голанската висорамнина, под контрола на Израел.

Во нападот загинаа 12 деца.

Загриженоста за можен израелски одмазднички напад поттикна неколку авиокомпании да ги откажат летовите во и надвор од Бејрут.

САД и Израел го обвинија Хезболах за смртоносниот ракетен напад, но милитантите ја негираат одговорноста.

Војната во Газа започна со нападот на Хамас на 7 октомври врз јужниот дел на Израел, во кој милитантите убија 1.200 луѓе и земаа околу 250 заложници.

Во израелската воена кампања во Газа загинаа повеќе од 39.300 Палестинци, според Министерството за здравство во Газа, кое не прави разлика меѓу милитантите и цивилите во својот број.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

Поврзано

XS
SM
MD
LG