Линкови за пристапност

Кинески кварт во Џакарта поставен на спрега меѓу модерното и традицијата


Кинески кварт во Џакарта поставен на спрега меѓу модерното и традицијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:32 0:00

Во индонезискиот главен град Џакарта, многу жители со кинеско потекло стотици години живеат и работат во кинескиот кварт на градот. Тоа е област која продолжува да се развива бидејќи традиционалните продавници се натпреваруваат со модерните синџири. Известува Ахадијан Утама.  .

Среде Глодок, најголемиот кинески град во Индонезија, мирисот на кафе ги привлекува посетителите речиси сто години.

Индонезиецот со кинеско потекло Лионг Минг Џо е трета генерација во неговото семејство што го води ова кафуле, Копи Ес Так Кие.

„Порано овде се собирале многу луѓе да пијат кафе. Тука се собирале трговци и работници, пиеле кафе и со часови разговарале и тоа е така уште од времето на дедо ми”, вели Лионг Минг Хо, сопственик на кафуле.

Кинезите со векови мигрираат во Југоисточна Азија и Индонезија. Повеќето од нив дојдоа од кинеските крајбрежни провинции Фуџијан и Гуангдонг за да тргуваат или да работат на фарми.

„Зошто отидоа во Индонезија? Според некои историски записи, регионот на Југоисточна Азија одамна е познат на кинескиот народ како плоден регион", објаснува Африади Африади, историчар од Универзитетот во Индонезија.

Во 1600-тите, холандска источноиндиска компанија започна да колонизира делови од Индонезија, регион познат како Источна Индија. Откако избувнаа смртоносни немири меѓу холандските и кинеските работници во 1740 година, Холанѓаните воведоа сериозни ограничувања за Кинезите. Така е формирана кинеската област наречена Глодок.

„Во тоа време, на Кинезите не им беше дозволено да живеат надвор од кинеската област. Тие можеа да живеат само во таа област. Така, тие таму работеле, тргувале, живееле и ги извршувале сите свои активности во таа област”, вели Јоханес Херлијанто, Индонезиски синолошки форум.

Речиси 300 години подоцна, работите се сменија. Глодок сега е една од клучните трговски области во Џакарта. Потомците на првите кинески мигранти станаа едни од најуспешните претприемачи во градот. Овде, на улицата Панкоран, Индонезијците со кинеско потекло поседуваат продавници кои продаваат сè, од традиционални билки до ориз.

Но, модернизацијата го менува ликот на овој кинески град. Трговски центри и синџири како Старбакс се изградени во центарот на Глодок. Лионг вели дека тие им се закануваат на традиционалните бизниси како неговото кафуле. Но, тој е решен да продолжи со својот речиси век стар бизнис.

Градската власт го означи кинескиот град Глодок како област на културно наследство. Во 2022 година се отвори нова порта. Тоа е симбол на различноста на Џакарта, во чест на она што Индонезијците со кинеско потекло го изградија за да го направат градот она што е денес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG