Линкови за пристапност

Кина ја критикува посетата на индискиот министер за внатрешни работи на Аруначал Прадеш


Пекинг, (Ројтерс) - Кина цврсто се противи на посетата на индискиот министер за внатрешни работи на Аруначал Прадеш и смета дека неговите активности во областа го нарушуваат територијалниот суверенитет на Пекинг, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на брифингот со новинарите.

Кина преименуваше некои места во она што Индија го смета за своја источна држава Аруначал Прадеш, за која Кина тврди дека е дел од нејзината територија.

„Зангнан е територија на Кина“, рече портпаролот Ванг Венбин како одговор на прашањето за посетата на индискиот министер за внатрешни работи Амит Шах.

„Посетата на индискиот функционер на Зангнан го нарушува територијалниот суверенитет на Кина и не е погодна за мирот и спокојството на граничната ситуација“, додаде Венбин.

Кина и Индија имаа неколку престрелки околу спорната граница, а судирите во планинските региони во последниве години сериозно ги влошија односите.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG