Линкови за пристапност

Тајван со внимание го следи третиот ден на кинеските воени вежби  


Тајван внимателно ги следи кинеските воените вежби додека Пекинг го спроведува третиот ден од истите.

Тајванската војска соопшти дека Кина испратила десетици воени авиони и 11 воени бродови кон Тајван како дел од вежбите што започнаа во саботата.

Кинеската државна телевизија CCTV соопшти дека кинеската војска симулира затворање на Тајван и симулира напади врз важни цели на островот.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека кинескиот носач на авиони Шандонг во неделата извршил воздушни операции во водите блиску до јапонските острови Окинава.

Во меѓувреме, САД соопштија дека нивниот разорувач со наведувани проектили поминал во близина на островите Спратли во Јужното Кинеско Море.

„Оваа операција за слободно движење ги поддржува правата, слободите и законските употреби на морето“, се вели во соопштението на американската морнарица.

Кинеските маневри околу Тајван доаѓаат како одговор на средбата на претседателката на Тајван со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти и другите членови на Конгресот во Калифорнија минатата недела.

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен ги осуди вежбите, велејќи дека Тајван ќе продолжи да работи со САД и другите демократии бидејќи островот се соочува со „континуиран авторитарен експанзионизам“ од Кина.

САД сметаат дека статусот на Тајван е нерешен и испраќаат воена помош до самоуправниот остров за да му помогнат да се одбрани.

Американскиот претседател Џо Бајден честопати велеше дека Соединетите Држави воено ќе го бранат Тајван доколку Кина изврши инвазија, иако Вашингтон тврди дека политиката „Една Кина“ не е променета.

Минатата година, претседателката Цаи беше домаќин на тогашниот претседател на Претставничкиот дом Ненси Пелоси во Тајван, а Кина реагираше со одржување на своите најголеми воени вежби оган во последните децении околу Тајван.

Некои материјали за овој извештај се користени од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.

XS
SM
MD
LG