Линкови за пристапност

Кери во Париз


На средба со катарскиот колега за мировната конференција за Сирија.

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Париз, каде со катарскиот министер за надворешни работи Калид ал-Атија ќе разговара за Сирија. Обајцата утре ќе заминат за Лондон, на состанок со другите главни членови на иницијативата Пријатели на Сирија и сириската опозиција.

Средбите се во рамки на обидот да се закаже мировна конференција за Сирија, што се планира веќе подолго време, а на која сириската влада и опозицијата би преговарале за политичко решение на кризата во земјата.

Официјалните лица минатата недела дадоа спротиставени информации за тоа дали веќе е закажан датумот за конференцијата.
XS
SM
MD
LG