Линкови за пристапност

Реакции по потврдувањето на судијата Кавана


Препукнувањата во врска со потврдувањето на Брет Кавана за член на Врховниот суд на САД викендов повторно го потресоа Вашингтон, на само неколку часа откако положи свечена заклетва за позиција во највисокиот суд во државата.

Републиканската сенаторка Сузан Колинс од сојузната држава Мејн чија поддршка беше клучна Кавана да биде потврден од Сенатот со 50 наспроти 48 гласа за „Си-Ен-Ен“ изјави дека таа заклучиле дека Кавана не го извршил сексуалниот напад над тинејџерка кој се случил пред повеќе од три децении. Нејзиниот коментар се однесува на наводите од универзитетската професорка Кристин Блази Форд против Кавана кои предизвикаа превирања во процесот на потврдување.

„Не верувам дека Брет Кавана ја нападнал,“ рече Колинс. „Верувам дека таа била нападната од некого друг“, додаде таа.

Еден од најгласните поддржувачи на Кавана, сенаторот Линдзи Греам од Јужна Каролина, за „Фокс њуз“ изјави: „Среќен сум поради тоа што напорите за запирање на номинацијата и понижувањето на овој човек не успеаја ... Напорите на ние кои се обидеа да му го уништат живот пропаднаа ... порано во мојот живот, никогаш не сум толку лут.“

Кавана може да им даде на конзервативците солидна идеолошка предност од пет наспроти четири во Врховниот суд и да ги обликува пресудите во следниве неколку децении.

Судијата Џон Робертс го водеше процесот на полагање на заклетва за 53 годишниот Кавана. Приватна церемонија се одржа само на неколку часа откако Сенатот гласаше за неговото доживотно назначување за член на највисокиот суд во државата.

Tесното републиканско мнозинство во Сенатот речиси едногласно го поддржа Кавана, додека сите, освен еден демократски сенатор се спротивставија на неговата номинација.

Трамп по добивањето на втората потврда во Сенатот на Твитер напипа: „Му аплаудирам и му честитам на американскиот Сенат за потврдата на нашата одлична номинација, судијата Брет Кавана за член на Врховниот суд на САД .... навистина возбудливо!“

Трамп успешното потврдување на Кавана го посочи како причина зошто гласачите треба да изберат републиканци за време на конгресните избори следниот месец, кога во залог е политичката контрола на Конгресот.

Кавана ќе го замени пензионираниот судија Ентони Кенеди, чиј глас често имаше клучна улога во гласањата за идеолошките разграничувања по прашањето за абортусот, правата на хомосексуалците и помошта за примањето на расните малцинства на универзитетите.

Но, независни судски аналитичари велат дека Кавана најверојатно ќе ги поддржи поконзервативните пресуди со што на четиричлениот конзервативен блок на судот ќе има предност од пет наспроти четворица либерали.

За време на гласањето во Сенатот демонстранти неколкупати го принудија потпретседателот Мајк Пенс кој претседаваше со седницата да повика на почитување на редот.

Протести имаше пред скалите на американскиот Капитол, како и пред барикадите поставени пред законодавниот дом.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG