Линкови за пристапност

Карпентер: Русија е држава агресор, никој не сака да седи на маса со Лавров


Мајкл Карпентер, амбасадор на САД во ОБСЕ: Секој збор што доаѓа од министерот за надворешни работи Лавров, со сета почит, би го прифатил со резерва
Мајкл Карпентер, амбасадор на САД во ОБСЕ: Секој збор што доаѓа од министерот за надворешни работи Лавров, со сета почит, би го прифатил со резерва

Никој не сака да седне на маса со министерот за надворешни работи Лавров и да слуша лаги, дезинформации и пропаганда. Затоа, би рекол, да се држите подалеку од таа маса, е чин што има многу смисла, рече американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер

Никој не сака да седне на маса со министерот за надворешни работи Лавров и да слуша лаги, дезинформации и пропаганда. Затоа, би рекол, да се држите подалеку од таа маса, е чин што има многу смисла.

Тоа го истакна американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер на денешниот кус брифинг со новинарите на Министерскиот совет што се одржува во Скопје.

Карпентер одговараше на прашања претежно поврзани со денешната прес-конференција на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој за државниот секретар на САД, Антони Блинкен, рече дека е „кукавица“ зашто не останал да се сретнат во Скопје.

„Русија е држава агресор. Секој збор што доаѓа од министерот за надворешни работи Лавров, со сета почит, би го прифатил со резерва, ако не и повеќе“, посочи Карпентер.

Претставникот на САД во ОБСЕ додаде дека Русија ќе одговара за направените злосторства со инвазијата врз Украина.

Тие досега брутално делуваат неказнето, иако ќе има одговорност за нивните злосторства во Украина
Мајкл Карпентер

„Русија, како што реков, е држава агресор. Тие досега брутално делуваат неказнето, иако ќе има одговорност за нивните злосторства во Украина. Тие во моментов окупираат 20% од територијата на Грузија. Тие стационираат војници во Република Молдавија без согласност на земјата домаќин. Сето ова се екстремно кршење на меѓународното право, и затоа имаме намера да ја повикаме Русија на одговорност. Не може да продолжи неказнето. Мора да има последици за ваквите постапки“, беше категоричен Карпентер.

За ставовите на Лавров дека ОБСЕ оди во бездна, американскиот амбасадор рече дека тоа не е вистина и дека организацијата ќе продолжи да се грижи за мирот и стабилноста.

Мајкл Карпентер: ОБСЕ не тоне, продолжува да работи по начелата за безбедност
Мајкл Карпентер: ОБСЕ не тоне, продолжува да работи по начелата за безбедност

„Организацијата не тоне бидејќи, како што кажав, имаме претседавач за следната година и сега го имаме највисокото раководство на организацијата да продолжи.. Ќе продолжиме поради причините заради коишто ОБСЕ беше создаден во 1975 година со Завршниот акт на Хелсинки за промовирање на демократијата, човековите права и основните меѓународни норми, како суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите“, посочи Карпентер.

Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Фамилијарна фотографија и неформална вечера.
Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Фамилијарна фотографија и неформална вечера.

Триесеттиот Министерски совет на ОБСЕ завршува денеска. Во поголемиот дел од пленарните сесии и билатерални средби беа посочени критики кон Русија за инвазијата врз Украина.

Одговорноста за претседателствување со ОБСЕ од Северна Македонија, преминува кај Малта.

XS
SM
MD
LG