Линкови за пристапност

Тереза Рибеиро, претставничка на ОБСЕ за слободата на медиумите: Жените го напуштаат новинарството поради закани


Тереза Рибеиро, Претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите: Нема ништо виртуелно, кога станува збор за малтретирање на новинарките. Тоа е реална закана.
Тереза Рибеиро, Претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите: Нема ништо виртуелно, кога станува збор за малтретирање на новинарките. Тоа е реална закана.

Новинарките ја напуштаат професијата или се самоцензурираат поради заканите кон нив во „онлајн“ просторот, предупреди Тереза Робеиро, претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во рамките на Министерскиот совет во Скопје.

„Ако половина од човештвото е лишено од правото за пристап до јавниот простор, лишено од слободниот говор, тоа значи дека нашиот плурализам и нашите демократии ќе страдаат“, посочи Рибеиро која учествуваше на дискусија за заштита на новинарките од насилство.

Тоа што се случува е губење на жените кои се новинарки и кои се под овој постојан притисок и закани
Тереза Рибеиро

„Тоа што се случува е губење на жените кои се новинарки и кои се под овој постојан притисок и закани. Ја напуштаат професијата или се самоцензурираат себе си“, рече Рибеиро и посочи дека е неопходно „да се спречи „онлајн“ насилството да стане насилство во реалноста“.

Рибеиро предупреди дека веќе се случува онлајн заканите да преминат и во физичко насилство.

„Нема ништо виртуелно, кога станува збор за малтретирање на новинарките. Тоа е реална закана. Не е детерминирана само за физичкото, за менталното здравје на новинарките. За жал, во многу случаи станува сериозен стрес за новинарките“, истакна претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите.

На дискусијата беше прочитана и заедничката Декларација за заштита на новинарките од насилство, а којашто ја потпишаа 45 земји членки на ОБСЕ. Меѓу потписниците се Северна Македонија, балканските земји, САД, Велика Британија. Русија ја нема меѓу земјите потписнички на декларацијата на ОБСЕ за безбедност на новинарките.

XS
SM
MD
LG