Линкови за пристапност

Минатиот јули најтопол месец во историјата на САД


Просечната температура 25,3 степени Целзиусови.

Американците самите знаеја дека беше мошне жешко во јули годинава, но сега владата и официјално потврди дека месецот било најтопло откако се водат податоци.

Просечната температура ширум САД (без географски одвоените сојузни држави Аљаска и Хаваите) изнесувала 25.3 степени Целзиусови, за малку повисока од досега најжешкото лето 1936-тата, соопштија владини метеоролошки претставници.

САД го искусија и најжешкиот период јануари-јули откако во 1895-та започнаа да се водат метеоролошки податоци, како и најжешкиот 12-месечен период.

Според владините лица, климатските промени биле фактор за рекордната жештина. Високите температури и неодоволните врнежи на дожд придонесоа во поголемиот дел на САД да биде прогласена суша.
XS
SM
MD
LG